Под менторство на професорката по германски јазик, Марија Хаџи-Митреска на регионалниот натпревар по германски јазик (ученици од основните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Демир Хисар), учениците од шесто одделение, од ООУ “Добре Јоавноски“: Анастасиа Глигороска (48 поени од 50) и Методиј Димески (39 поени од 50) се изборија со своето знаење и граматичка точност за учествуваат на националниот (државен) натпревар по германски јазик. А, учениците: Софија Колеска (6 одд), Михаела Богевска (8 одд) , Андреа Вељаноска (8одд) на овој, регионален натпревар добијаа пофалница за активно учество, како мотив за понатамошно изучување на овој светските јазик.
Горди на сите нив, професорката и ментор по германски јазик, Марија Хаџи-Митреска изјави: „И, тоа не е крај, туку, само почеток на откривање на еден нов свет, кој верувам дека им се допадна и тоа многу. Јас и училиштето „Добре Јованоски„ сме горди на секој од нив поединечно за нивната желбата да го изучуваат германскиот јазик, за трудот, за залагањето и вложувањето, за посветеното време, за трпеливоста, мотивираноста, истрајноста и пред се љубовта и трудољубивоста во изучувањето на овој странски јазик. Тие се нашите идни германисти“
Директорката на училиштетео, Панде Николоска срдечно им честита : „Се радувам што имаме вакви ученици. Тие се нашата гордост. Им честитам и им посакувам многу среќа на државниот натпревар „- истакна таа .
И, сето тоа беше “закитено„ со заедничка фотографија, како траен спомен за успехот и поддршката.