5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(ФОТО) Четири часа се водеше битката за локализирање на пожарот во фабриката „Тила“

Со 20-тина пожарникари и 10-тина противпожарни возила, ТППЕ Прилеп го гаснеше пожарот, кој денеска околу 13,30 часот, изби во објектот на прилепската конфекција која израбтува детска облека „Тила“,  во населбата Бончејца.
Пожарот, по повеќе од 4 часа активно гаснење. веќе е локлизиран окоу 18,оо часто, но се уште пожарникарите остануваат на терен за евентулно согорување на дел од матерјалите, со оглед на тоа што станува збор за текстилна фабрлика и голема количина на лесно запаливи  горливи материјали.
Во објектот при избувнувањето на пожарот немало никој.  Пожарот избувнал од покривната конструкција каде се монтирани сончеви панели ,а го пријавиле соседите  кои најпрвин слушнале пукање, па непријатна миризба.

 

Според командирот на прилепската противпожарна единица, Кристијан Момироски, пожарникарите довечер ќе останат на теренот.

 

– Пожарот е локализиран, отстранета е опасноста да не бидат зафатени соседните објекти. Кога почнало да гори, за среќа, никој немало во конфекцијата. Моментално пожарникарите догаснуваат некои горливи материјали во објектот и на покривната конструкција, а тоа може да трае довечер – изјави Момироски.

Општинатаа Прилеп на својата Фејсбук страна ги извести граѓаните дека нема опасност за околните објекти, а на при помош на ТППЕ Прилеп им пристигнаа и неколку цистерни од ЈКП Комуналец – Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп .

 

На самото место приситгна и прилпскиот грдоначалник,  Борче Јовчески и претседателот на Советот, Дејан Проданоски.

 

 

Сопствениците на прилепската конфекциска фабрика каде има дваесетина вработени се длабоко потресени од пожарот кој направи огромни штети. Велат дека објектот бил осигуран.

Допрва ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот на прилепската конфекција кој почна да се шири од покривната конструкција.

Би можело да ве интересира

“Бајачка” од Прилеп кривично ќе се гони за измама – земала злато и пари за да помогне за здравје

Никола Димески

Во директен судир загина 29 годишник на Плетвар-сообраќајот се одвива по една лента

Елизабета Филипоска

Семејно насилство и физички напади се случилите во с. Пашино Рувци во Кривогаштани и во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе