Од 18ти до 20ти април 2023 година, невладината ЛАГ АГРО ЛИДЕР беше дел од првиот транснационален состанок за проектот Green Up Yourself во Мадрид, Шпанија.
Овој нов европски проект на програмата Еразмус+ е предводен од шпанската фондација Fundación Santa María la Real, во партнерство со организациите CIAPE – Italian Permanent Learning Centre Италија, IED Institute of Entrepreneurship Development Грција, CARDET Кипар, STEP Institute Словенија и ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Проектот претставува иновативна иницијатива за промовирање на зеленото претприемништво помеѓу младите во руралните средини, преку кој ќе се создадат можности за развој на зелени бизниси низ идеите на младите од руралните средини.
На состанокот беа дискутирани проектните активности кои ќе се спроведуваат во следните две години насочени кон создавање на едукативни ресурси и алатки кои ќе одговорат на реалните потреби на младите од руралните средини за развој на зелено претприемништво.