1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Витаминка и овој пат својот асортиман го претстави на саемот ISM Келн, во Германија еден од најважните настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата.

„ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, иновациите и перспективите во оваа индустрија. Освен иницијалните контакти, воспоставување релации и партнери за нови пазари, ова е главниот фокус на нашето присуство тука и очекувани придобивки. Дополнително како компанија од Македонија со претставувањето на производите на Витаминка го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава, што е дополнителна предност. И оваа година нашето претставување помина успешно и ја исполнивме целта“, изјави Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.

Саемот ISM ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни се повеќе од 1200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Мирчески: тутунот e светски бренд, а не трн за да се откупува во една класа!!!

Пела Редакција

Финале на “Прочка 2018“

Гордана Цветаноска

Во Прилеп започна распределбата на картичките за „зелена нафта“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе