5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВНИМАТЕЛНО! Пак, пропадна асфалтот кај кружниот тек кај Поштата

Пропадна асфалтот кај кружниот тек кај Поштата во централното градско подрачје. ЈКП„Водовод и канализација“ Прилеп, се на терен и работат во координација со надлежните лица од Општина Прилеп за што побрзо санирање на настанатиот проблем и овозможување на непречено одвивање на сообраќајот,„ за што известено е и Министерството за внатрешни работи, ПС Прилеп„ информираат на својата фејсбук страна од Општина Прилеп  и ЈКП „Водовод и канализација„ и повикуваат на разбирање и трпение кај граѓаните и возачите за сообраќајните пренасочувања и метежот.
Ова е трет пат како овој кружен тек, (каде има постоечки подземен канал) пропаѓа асфалтот. Во текот на изгрдабата, пред 10 годиниа, камион пропадна, во 2013 година, на оваа исто место,  за  по една година потоа,  во 2014 година, на истата локација,  речиси идентично, повтоно пропаѓа асфалтот  и  се преврти уште еден камион.

 

 

Пропаднат камион (2013 г ) – кружниот тек кај Поштата во изградба

 

По втор пат на иста локација, (2014 година) пропаѓа асфалтот и се превртува камион
Граѓаните и тогаш и сега  сметаат дека на овој кружн тек во центарот на Прилеп, не смее да се дозволи да се движат тешки товарни возила

Би можело да ве интересира

Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Донација од Дрекслмајер за Прилеп-специјално возило за превоз на лица со попреченост

Пела Редакција

Пријавени 200 деца за учество во Бадниковата поворка во Прилеп, уште има можност за пријавување

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе