1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Поставен е камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10 д, долг 39,3 километри. Со овој проект, како што беше речено, се прави голем исчекор во насока на што побрз, побезбеден и поекономичен транспорт на луѓе и стоки. Изградбата базира на врвна технологија и стандарди, која ќе поттикне нова динамика во економијата и ќе отвори нови можности за вработување.

На настанот по повод-поставувањето на камен-темелникот се обратија и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, в.д. амбасадорот на САД Ерик Мајер, амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок, како и претседателот на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток Џастин Сиберел.

Договорот со американско-турскиот конзорциум, стратешки партнер ангажиран со посебен закон и за проектирање и за изградба на автопатите, стапи во сила на 22 април. Преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе се префрлени првите 117 милиони евра за подготвителните активности во пресрет на градежните работи, а со Програмата за финансирање на делниците на коридорите за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. Вкупната вредност на проектот, според првичните најави од Владата, ќе изнесува 1,3 милијарди евра, како и дополнителни 300 милиони евра за експропријација.

Би можело да ве интересира

Индустриското училиште во Прилеп започнува нова ера во македонското образование

Гордана Цветаноска

ВО ОПШТИНА ДОЛНЕНИ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Прилепско сеуште активни пожарите кај селата Пештани, Кокре и Кален – долненско изгаснати вчера

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе