11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (40)

Пишува Зоран Момироски 

  • ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ, ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ТРЕБА ДА БИДЕ ИМЕНУВАН ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ !?! ОВАА НЕОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА ПАДНА КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО ВО ПРИЛЕП. ЗНАЧИ ДОГОВОРОТ ВО „АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО“ ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП  Е ПОСТИГНАТ. ЦАКИО ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ, МИЛЕ ТАЛЕСКИ, АКТУЕЛЕН ПРАТЕНИК ДА СИ „ВОЗИ“ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ЗА ПРАТЕНИК, А ВЕРОЈАТНО ИВОНЧЕ БОНБОНЧЕ СЕ ТОКМИ КАКО ВТОРА  КАНДИДАТКА ОД СДСМ ЗА ПРАТЕНИЧКА. ЕПТЕН АНГАЖИРАН СО ОВИЕ „ДВОРСКИ“  КОМБИНАТОРИКИ ЦАКИО НЕМА ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ИЗЈАВИ И КОНТРА ИЗЈАВИ НА ОНИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ. А, СЕ ШУШКА ДЕКА ЦАКИО СКОРО ЕДЕН МЕСЕЦ, А МОЖЕБИ И ПОВЕЌЕ ЗАБОРАВИЛ, ВО ПОНЕДЕЛНИК ДА ОДРЖУВА КООРДИНАТИВНИ СОСТАНОЦИ СО ПАРТИСКИ АКТИВИСТИ И ЧЛЕНОВИ ОД СДСМ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА. СО ВНИМАНИЕ ГИ СЛУШАМ ИНФОРМАЦИИТЕ И СИ ВЕЛАМ: БРАВО, БЕ, ЦАКИ !!!! ПРЕКУ ТРУПА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ!!! ЕКСПРЕСНО ОД РАКОВОДИТЕЛ НА ПЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ СИ НАЈДЕ СИГУРНА СЕНКА ВО УЈП, СЕ ОДМОРИ, ЗДИВНА И ЗАМИНА ВО НОВ ПОХОД,  ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ – ПРИЛЕП!!! КАКО СИ ТРГНАЛ МИСЛАМ ДЕКА ВАКА ЌЕ СТИГНЕШ И ДО ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. ЈАВНА ТАЈНА Е ДЕКА СИТЕ АКТИВНОСТИ СО ЕСТАБЛИШМЕНТОТ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ – ПРИЛЕП ТИ СЕ УСОГЛАСЕНИ. СТАРИОТ МЕНАЏЕР, КОЈ Е ДО ТЕБЕ, ЕПТЕН ДОБРО ВИ ГИ МЕНАЏИРА СИТЕ АКТИВНОСТИ. КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ ЦЕХОТ ШТО ПОТОА ЌЕ ГО ПЛАТИТЕ КОН НЕГО Е СОСЕМА ТРЕТО ПРАШАЊЕ. ЗА ТОА ВИЕ ЌЕ МУ МИСЛИТЕ, АМА И ДА ЈА ПЛАЌАТЕ „ДЕБЕЛАТА СМЕТКА“ ПАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ОД ТУТУНАРИТЕ,  ОД НАРОДОТ И ОД ОБИЧНИОТ ЧОВЕК КОЈ МОЛИ И СЕ БОРИ ЗА ГОЛА ЕГЗИСТЕНЦИЈА!!! И, ДОДЕКА ЈАВНО ТИ ПРИЗНАВАМ ЗА НОВАТА ДИРЕКТОРСКА ФУНКЦИЈА, СИ МИСЛАМ, КОЛКУ ДАЛЕКУ Е ЗАМИНАТА РАБОТАТА СО ОВАА ЗНАЧАЈНА ФУНКЦИЈА ВО ПРИЛЕП?!? 1973 ГОДИНА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРОФЕСОР ДОКТОР ДУШКО БОЦЕСКИ – ЧОВЕК КОЈ СОЗДАДЕ НОВИ ТИПОВИ ТУТУН. ПА, ПОТОА НИКОЛА ТОДОРОСКИ-ЧОРБЕ, ПА, ДИМЕ ДИМЕСКИ И ДА НЕ НАБРОЈУВАМ ДРУГИ ОД ТАА СТАРА ГРАДСКА „ГАРДА“. И, СЕГА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ- ЦАКИО?!? ЈАС КАПА МУ СИМНУВАМ !!!  ЗА ДРУГИ ОВОЈ НАСТАН Е ПОГОЛЕМ ОД СЕКОЈ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ОРГАНИЗИРАН ВО ГРАДОВ ПА ДУРИ  И ОНОЈ НА „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“.

 

  • СВАДБАТА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА, БИ И ПОМИНА. СВАТОВИТЕ СЕ ПРОМАВТАА И КАЖАА КОЈ ШТО ИМАШЕ ДА КАЖЕ И СИ ЗАМИНАА. ОСТАНАА СТАВОВИТЕ И НЕГОДУВАЊАТА ОД ГРАЃАНИТЕ. ЗА ЖАЛ НЕ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ, ТУКУ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО. СИТЕ ЕКСПЕРТИ ДО ЕКСПЕРТИ. ОД ТОА ДЕКА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН Е ИСЕЛЕН И НЕ МУ ТРЕБА АВТОПАТ, ДО ТОА ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ТРОШАТ МНОГУ ПАРИ. ЧИТАМ И СЕ ЧУДАМ. ДО ВЧЕРА НИ ТРЕБАШЕ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД ГРАДСКО ДО БИТОЛА  – ДЕНЕСКА НЕ НИ ТРЕБА.ЧУДЕН Е ОВОЈ НАШ НАРОД. АКО ВРНЕ ОТИ ВРНЕ. АКО НЕ ВРНЕ ОТИ НЕ ВРНИ. ПРВО КОРИДОРОТ 10 Д Е ПАНЕВРОПСКИ КОРИДОР. СТОТИЦИ ГРАЃАНИ ОД ОВОЈ НАШ ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН СЕКОЈ ВИКЕНД СЕ ВО ЛЕРИН, ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА, НА ГИРО И НА ПАЗАРЕЊЕ ВО ЛИДЛ. И СИТЕ ЗНААТ, СИТЕ ГЛЕДААТ И СИТЕ ВОЗАТ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МЕЏИТЛИЈА – НИКЕ ДО ЛЕРИН И НАТАМУ ДО КОЖАНИ. ВОЗАТ ПО АВТОПАТ ОД КОРИДОРОТ 10 Д. И СЕ ПРАВАТ НА „ТОШО“. СО ГОДИНИ СЕ ЧЕКА ОД ДРЖАВИЧКАВА ДА ГО СПОИ КОРИДОРОТ ОД НИКЕ-МЕЏИТЛИЈА ПРЕКУ БИТОЛА- ПРИЛЕП СО ГРАДСКО. БИДЕЈЌИ, КОРИДОРОТ 10 Д ЗАВРШУВА КОЖАНИ И СЕ ПОВРЗУВА СО ПАНЕВРОПСКОТ КОРИДОР 10 ОД ГЕВГЕЛИЈА ( ГП БОГОРОДИЦА ) – ЕВЗОНИ СО ИГУМЕНИЦА. ЛИЧНО МЕНЕ ЕДИНСТВЕНО МИ Е ЖАЛ ШТО СЕГАШНАТА ДЕЛНИЦА ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ИСФРЛЕНА ОД УРОЛОШКАТА ТЕРАПИЈАТА ЗА ИСФРЛАЊЕ  НА КАМЧИЊА ОД БУБРЕЗИТЕ. ИНАКУ, КАПАК НА ЦЕЛАВА ОВАА РОШОМОНИЈАДА БЕШЕ ИЗЈАВАТА ОД О.К. НА ВМРО-ДПМНЕ, ВЕДНАШ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА „СВАДБАТА“ КАЈ АЛИНЦИ, ВО ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ ПОРАДИ СПОРНИТЕ ПРАШАЊА И НЕЈАСНОТИИ СО ИЗВЕДУВАЧОТ, БИЛЈАНА КУЗМАНОСКА ОД  ВМРО-ДПМНЕ „ПАРТАЛ“ ГИ НАПРАВИ И СДСМ И ДУИ. ОЧЕКУВАВ, НО, ЗНАЕЈЌИ ЈА СОСТОЈБАТА ВО ПАРТИЈАТА, СДСМ  НЕ  ОДГОВОРИ НА ОВИЕ НАПАДИ. ПО СЕТА ОВАА ПРЕДИЗБОРНА ПРЕТСТАВА ЗА „ПУБЛИКА“ КАКО ГРАЃАНИН И ХРОНИЧАР НА ВРЕМЕТО,  САКАМ ЈАВНО ДА ЈА ПРАШАМ КУЗМАНОСКА: ДАЛИ ЈА ИМА ПРОЧИТАНО ПРВАТА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ „ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ“  2006  И ВТОРАТА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА  „ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ – ПРОШИРЕНА“ ОД 2008 ГОДИНА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ПРИЛЕП – ГРАДСКО?!? ДАЛИ ЗНАЕ КАКВА ГОЛЕМА „СВАДБА“ ОРГАНИЗИРАШЕ ТОГАШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ  МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ВО БЛИЗИНА НА ЗАПОЛШКИ МОСТ НА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО?! СО ОВА НЕ САКАМ, НИТУ ПОМИСЛУВАМ  ДА АМНЕСТИРАМ АМА БАШ НИКОЈ. НАЈМАЛКУ ПОЕДИНЦИ ОД СДСМ!!! НО, ЗНАМ, 2010 ГОДИНА БЕШЕ ВЕТЕНО ПРИЛЕП-ГРАДСКО ДА СЕ ВОЗИ ПО НОВА ДЕЛНИЦА СО ТРИ ЛЕНТИ. ЕТЕ, ЗАТОА ТОЈ КАКО ШТО ВЕЛИТЕ КРИМИНАЛЕЦОТ ТАЧЕ НИ ПЛЕСНА ВО ЛИЦЕ: ПРИЛЕП ИМАШЕ ДВАЈЦА МИНИСТРИ ЗА ТРАСПОРТ ЈАНАКИЕСКИ И СУГАРЕСКИ. АМА СЕГА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ НИ ГО ГРАДИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ ОД ШТИП.

 

  • „ТОПЛИНА“ ИЗБРАНАТА ФИРМА ОД МИСЛЕШЕВО – ОХРИДСКО КОЈА ТРЕБА ДА РЕХАБИЛИТИРА 60 УЛИЦИ ВО ПРИЛЕП ЗА БЛИЗУ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЕПТЕН ГО СТОПЛИЛА ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. КУТРИОТ НАШ ГРАДСКИ ТАТКО ОД „ТОПЛИНА“ ТОЛКУ МНОГУ СЕ СТОПЛИ, ШТО БОКИО СЕ ПРЕПОТИЛ. ОСОБЕНО КОГА СОПСТВЕНИКОТ НА „ТОПЛИНА“ МУ КАЖАЛ ДЕКА И ПОКРАЈ ТОА ШТО ДОГОВОРОТ Е ПОТПИШАН ВРЕМЕТО НЕ ОДЕЛО ВО ПРИЛОГ ЗА ПОЧЕТОК НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ОТИ СЕКОЈ ДЕН  ВРНЕЛО!!! ПО ОВОЈ РАЗГОВОР БОКИО ОД ЛУТИНА ПОЧНАЛ ДА „УРЛА“ А, ПОЧНАЛ И ДА ФРЛА ТЕЛЕФОНИ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКИОТ КАБИНЕТ ШТО НЕГОВИ СОРАБОТНИЦИ ЕДВАЈ ГО СМИРИЛЕ. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА ИЗВЕДУВАЧОТ, КАКО И МНОГУ ДРУГИ,  ДОДЕКА ДА ДОБИЈАТ ТЕНДЕР ПО ОБИЧАЈ ВЕТУВААТ И ПЛАНИНИ И ДОЛИНИ. АМА СЕГА ОД „ТОПЛИНА“ НЕМА ДА БИДЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ  ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ АКО НЕ ЗАПОЧНЕ СО ГРАДЕЖНИ РАБОТИ. КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА, АКО РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ НЕ СЕ ЗАПОЧНЕ ДО ПРВИ ЈУНИ,  НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ ОДИ НА ВТОРИОТ ПОНУДУВАЧ. А, ТОА Е ЗАГУБЕНО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ И НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ФАМОЗНАТА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО ПРИЛЕП. ПАРАЛЕЛНО СО ОВА, ЗА ПОЧЕТОК НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ВЛЕЗОТ ВО ПРИЛЕП ОД КРУШЕВО СЕ ЧЕКА НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБА НА 2 КИЛОМЕТРИ ОД ОВОЈ ДЕЛ НА УЛИЦАТА ЛЕЦЕ КОЦЕСКИ. ЗА ОВАА НАМЕНА, ВЛАДАТА ИЗДВОИ 1 МИЛИОН ЕВРА, А ИЗБРАН Е И ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ. УПАТЕНИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ОВАА АДМИНИСТРАТИВНА ПРОЦЕДУРА НАМЕСТО ЗА 24 ЧАСА ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАВРШЕНА ЗА ТРИ ДО ЧЕТИРИ ДЕНА. ТОА Е СТИЛ НА РАБОТА НА НАШАТА МАКЕДОНСКА „ЛЕГАЧКА“ АДМИНИСТРАЦИЈА – ТУРНИ МЕ ДА КИНИСАМ!

 

  • РЕВИЗОРИ ЈА ТРЕСАТ ФИНАНСИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ И ДОЗА НА СОМНЕЖ СЕ СТАВА НА ТОА ШТО ОВАА РЕВИЗОРСКА КОНТРОЛА СЕ ОДНЕСУВАЛА НА МИНАТОГОДИШНОТО ФИНАНСИСКО МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ НА ОВААА  ЛОКАЛНА ВЛАСТ. МНОГУМИНА КОИ СЕ ДОБРО УПАТЕНИ ПРАШУВААТ: ЗОШТО РЕВИЗОРСКА КОНТРОЛА НЕМА И ЗА ПРЕТХОДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ. ОСОБЕН ОТКАКО СЕГАШНАВА „ТАЈФА“ ПРЕДВОДЕНА ОД БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ЌЕ БАРА РЕВИЗОРИ ДА ГО ТРЕСАТ  ЧЕТИРИ ГОДИШНОТО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ПРЕТХОДНИЦИТЕ ОД СДСМ.

 

  • ДЕНОВИВЕ ВО ПРИЛЕП ПРЕСТОЈУВАШЕ ТИМ ОД АВСТРИСКАТА АМБАСАДА ВО РСМ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА. ГОСТИТЕ ГИ ПОСЕТИЈА НАЈСЕНЗИТИВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. И, ОВОЈ ПАТ ПРЕСТОЈОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА АМБАСАДАТА НА АВСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ ЗАД „ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ“ ЗА НОВИНАРИТЕ. ЈАВНОСТА ДОЗНА ПРЕКУ НЕКОЛКУ ФБ ОБЈАВИ И ФОТОГРАФИИ ДЕКА ЕТЕ ВО ГРАДОВ ТИ БИЛЕ ГОСТИТЕ ВО ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ. ДЕКА ЗАЕДНО СО ДОМАЌИНИТЕ ГИ ПОСЕТИЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ И ДЕКА СО „ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК“ ГО ТРЕТИРАЛЕ ПРАШАЊЕТО НА ОВАА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ. ШТО ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЌЕ БЕШЕ ОВАА НЕПИСМЕНА „ПОЛИТИКА“?!?  НА НИТУ ЕДЕН НОРМАЛЕН ЧОВЕК ОСОБЕНО УПАТЕН ВО СФЕРАТА НА ИНФОРМИРАЊЕТО, НЕ МУ Е ЈАСНА – ВАКВА ТОТАЛНА НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ И НЕ ТРАНСПАРЕНТНОСТ НЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ НИТУ ВО ОНА  НАШЕ НЕКОЕ МИНАТО ШТО МНОГУМИНА ГО НАРЕКУВАА ЕДНОУМИЕ!!! СТРАШНО Е ШТО СЕГА ТОА ЕДНОУМИЕ СТИГНА ДО ДНОТО  – И, Е ВИСТИНСКО БЕЗУМИЕ.

 

Би можело да ве интересира

Во Крушево започна уште едно меѓународно параглајдинг првенство

Гордана Цветаноска

„И јас сум Дедо Мраз“ пристигна во Прилеп

Гордана Цветаноска

Дневен биланс за состојбата со корона вирусот во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе