27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Над 300 модни дизајни на изложбата „Моден дизајн” во СОУ Ѓорче Петров

Учениците од текстилно кожарската струка при СОУ Ѓорче Петров – Прилеп  , на свој креативен начин , создадоа изложба со наслов “Моден Дизајн” под менторство на професорката Јулиана Поповска а со тоа направија спој на современото и модерното, инспирацијата и техниката и замислата и иднината ..Околу 300 модни креации го красат холот на училиштето , вушност модната скица е и првиот чекор кон дизајнирањето на облеката.

Целта на оваа изложба е да се разбијат стереотипите за текстилно кожарската струка каде еве овие ученици учат исклучиво само за да работат на машини во конфекциите каде што е платата прилично ниска.Фактички ние сакаме малку да ја поткрениме на едно повико ниво токму оваа струка , ние сакаме да го предизвикаме интересот на деветтоодделенците да се запишат во текстилно кожарската струка , затоа што интересот за оваа струка и она што претставува мода , дизајнирање , креација на облека  започнува токму од овие илустрации , рече Жанета Видевска , директор на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп.Во продолжение погледнете како изгледаше денешниот настан во прилепското средно училиште.

 

 

Би можело да ве интересира

Нова владина мерка: времено вработување на пожарникари, најдобрите ќе се вработат

Пела Редакција

Подметнат пожарот на депонијата Алинци

Пела Редакција

Џез вечер со Клод Болинг во фоајето на Цепенков

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе