7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Вљубениците на природата во акција за обновување на планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка

Фарбање на дограмата, варосување на трпезаријата,  качување на нови шпорети на дрва , поставување на соларни рефлектори во дворот на домот и во трите соби и  трпезаријата,  и чистење во домот и околу него, така започна акцијата на неколку членови од планинарските здруженија “Момата” и “Прилепски планинарски авантуристи” за санација и обнова на планинарскиот дом на  Селечка Планина “Томе Темелкоски”.

Заедно, здружени, прилепски волонтери и вљубеници на природата, направија одличен подвиг за оживување и ставање во функција на ова планинарско почивалиште и собиралитеште, кое беше оставено на забот на времето.

Планинарскиот дом на Селечка Планина, “Томе Темелкоски”, е единствен планинарски дом во реонот на Прилеп. Во чест на човекот (по професија влечкар) кој го изградил домот (пет години го градел)  Томе Темелкоски,  од 2017 година се организира и планинарски марш на кои  учестуваат на 300- 500 планинари од земјава и од странство.

Ова вака се заврши. Но, сега, за целосно обновување на домот, се очкува да помогнат и опшетвено одговорните фирми , кои би придонесле за подобар одмор и престој на планинарите, кои сакаат да ги посетата и погледнат најубавите предели на Селечка планина качувајќи се по нејзиние падини.

Би можело да ве интересира

Новогодишни подароци за децата на бранителите

Гордана Цветаноска

Хуманитара акција на децата од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

Во Храмот Св. Петка денеска на Младенци молитви за покој на загинатите во трагедијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе