21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Црковно-научна трибина: „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители  Св. Кирил и Методиј“

Во собраниската сала на Општина Прилеп, утре, вторник на 23 мај со почеток од 19:00ч ќе се одржи црковно-научна трибина на тема: „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители  Св. Кирил и Методиј“. Манифестацијата е во организација на црквата „Св. Кирил и Методиј“, Параклис – Прилеп во соработка со ЈНУ Институт за старословенска култура-Прилеп и Општина Прилеп.

За животот и дејноста на словенските рамноапостоли Свети Кирил и Методиј ќe говори протоереј Веле Спиркоски, од храмот Свети Кирил и Методиј, Параклис.

На тема „Свети Кирил и Методиј во македонската литература до 20 тиот век“ ќе се обрати д-р Ели Луческа, а за „Моравската мисија и македонското прашање“ ќе говори д-р Зоран Богески.

Почесен гостин е неговото високопреосвештенство Митрополит Преспанско – Пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г-дин Петар. Настанот ќе го збогатат со свои настапи хорот при КУД „Пере Тошев“ и црковниот хор при храмот „Свети Кирил и Методиј“, Параклис.

Би можело да ве интересира

По повод Денот на победата над фашизмот руска делагација положи цвеќе на Могилата

Елизабета Филипоска

Се решаваат дел од барањата на поранешните вработени од Еурокомпозит

Гордана Цветаноска

Во прилепскиот театар се подготвува „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе