5.1 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

На отворениот ден во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп голем интерес за сите струки

Во дворот на училиштето вриеше како во кошница! Деветтоодделенци од Прилеп и од соседните општини Долнени и Кривогаштани, денеска беа во посета на СОУ Орде Чопела Прилеп и се запознаа кои можности  ги нуди ова стручно училиште преку дуалното образование и професионалната надоградба на учениците за поедини струки и занимања.

Во кругот на училиштетото, кое прераснува во модерен стручен кампус за барани занаети и занимања, на повеќе штандови преку разговори со професорите и со учениците, идните средношколци се интересираа за секторите:

– Здравствено социјална заштита, Медицинско лабораториски – санитарен техничар: 34 ученици, една паралелка;

– Лични услуги – Техничар за очна оптика: 34 ученици, една паралелка ; 

– Хемија и технологија со две дуални паралелки 83 ученици, 3 паралелки: Прехранбен техничар дуална паралелка 25 ученици (соработка со бизнис сектор), техничар за заштита на животна средина/хемиски лабораториски техничар 34 ученици, пекар/месопреработувач, дуална паралелка 25 уечници (соработка со бизнис сектор);

– Земјоделство, рибарство и ветеринарство, 93 ученици 3 паралелки: техничар за агроменаџмент 1 паралелка, 34 ученици, техничар за ветеринарна медицина/техничар за фитомедицина 1 паралелка, 34 ученици, агротехничар за традиционално органоско производство дуална паралелка (соработка со бизнис сектор) 1 паралелка 25 ученици;

– Градежништво и геодезија: геодетски/градежен техничар/архитектонски техничар 1 паралелка 34 ученици

 

Би можело да ве интересира

Секое дете има право да се храни здраво

Бидете дел од СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп бидејќи иднината е во техниката

Гимназијалецот Петар е новата прилепска гордост!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе