21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Здружението ЗОКУМ додели награди и признанија за поетските творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“

Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп во градската библиотека „Борка Талески“ денеска ги прогласи најдобрите авторски детски творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“ кој беше распишан  во чест на 110 годишнината од раѓањето на поетот Волче Наумчески. Инспирирани од пролетта, од традицијата, од патриотските чувства, младите поети и поетеси со радост ги споделија своите уметнички творби, а ги покажаа и рецитаторските способности. Најдобрите беа селектирани од комисија предводена од поетесата Вера Андон, која  во Прилеп одржа литературна средба со учениците и пред да се соопштат наградите.

Целта со овој конкурс е да им поттикнат со мотив повеќе младите писатели, поети – ученици  од општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени и нивните ментори да продолжат да творат велат Филип Димкоски и Лина Димоска од здружението ЗОКУМ.

Би можело да ве интересира

Дојавите за бомби во училиштата се лажни! Се огласи и градоначалникот на Прилеп

(ВИДЕО) Нова цистерна за миење на улиците доби ЈКП Комуналец Прилеп

Изложба на хартиени графички икони од XVIII и ΧΙΧ век во Бабанеделиното училиште во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе