11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

И, оваа година ќе има субвенции за велосипеди

Советот на Општина Прилеп одлучи повторно, и оваа година, да им додели субвенции на граѓаните при купување на нови велосипеди, сметајќи дека оваа мерката е позитивна и помага за потткнување на користење на алтернативните превозни средства за заштита на животната средина.

Советот на Општина Прилеп, на денешната редовната 27-ма седница расправаше и за финансиските извештаји на јавните претпријатија во првите три месеци од оваа година на ЈКП ,,Водовод и канализација“, на ЈКП ,,Комуналец “, ЈКП ,,Пазари“, на ПЕД ЕНЕРГО-Прилеп,  на ЈП за ПУП-Прилеп  и на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески’’ Платник-Прилеп, што предизвика низа советнички прашања за  тоа каде и како се трошиле јавните пари на граѓаните. Опозицијата го критикуваше (не)работењето на локалната самоуправа и на јавните комунални претпријатија, за зголемените трошоци од работењето и зголемената цена на нивните услуга.

Воедно, на оваа седница, беше доставена и иницијатива од  советничката група на Левица, во која тие побараа во дневниот ред да се внеси  уште една точка „Предлог – Одлука за ослободување и процентулано намалување на давачките и надоместоците кон Општина Прилеп за бранителите на Република Македонија„.  На ова, пред усвојување на дневниот ред, Претседателот на Совет на Општина Прилеп,  објасни дека законски, Советот на Општина Прилеп, нема надлежност да одлучува по ова прашање, за оваа категорија граѓани, чии права се регулирани со законска државна регулатива.

Она што исто така беше едногласно усвоена на оваа седница беше одлуката која е во рамките на проектот ,,Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ ,,Наша иднина ‘’- Прилеп, каде на 30 деца Роми, што се во социјален ризик, на возраст од три до шест години, за учебната 2022-2023 година, да бидат ослободени од партиципација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Пензионерите на протест – бараат линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари

Пела Редакција

(ВИДЕО) Амбулантата за физикална медицина се поднови со 3 модерни апарати

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Изготвена пост пенална програма за рехабилитација, реинтеграција и ресоцијализација на осудени лица

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе