3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Манастирот Трескавец конечно добива водовод, за пречистителна станица ќе се почека…

Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп добиле известување дека во понеделник, 12 ти јуни, оваа година, ќе почнат работните активности на водоводната линија до манастирскиот комплекс Трескавец. Рокот за изведба на системот за довод на вода е 4 месеци. Со тоа ќе се реши проблемот за снабдување со вода за пиење, но дополнително треба да се обезбеди и пречистителна станица за целосно заокружување на процесот и комплексот да почне да функционира заедно со конаците.

„Можеме конечно да потврдиме тоа што многу години се чекало во општината, конечно в понеделник ќе се почне со изведба на самиот водоводен систем. Предвидени пари кои што ги дава Светска банка преку ТАВ Скопје (100 илјади евра) се недоволни за овој проект и тука општината влезе во кофинансирање. Со ребаланс на Буџетот ќе се заокружи овој значаен проект за општина Прилеп. Општината кофинансира околу 3 милиони денари. По завршувањето на градежните работи ЈКП Водовод и канализација Прилеп ќе го одржува и ќе менаџира со водоснабдителниот систем.  Наредна постапка е изгработка на мини пречистителна станица и со тоа да се заврши една убава приказна за самиот манастир. Средства за пречистителната станица ќе се бараат исто како и за водоснабдителниот систем од Светска, Европска банка или од некое од министерствата. За да може целосно да функционира комплексот заедно со конаците треба да добие и пречистителна станица,посочи Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Проектот за водоснабдителен систем на Манастирот  Трескавец  бил изготвен 27.07 2021 г. Потпишан бил  четирипартитен договор помеѓу Владата, ТАВ Македонија, ТАВ ТЕПЕ и Општина Прилеп. Урбанистичкиот проект кој што е изработен од Општина Прилеп е од 14.11.2022 год. Основниот проект за кого е издадено одобрениото за градба за нов водоснабдителен цевковод за манастирскиот комплекс Трескавец бил издаден на 28.12.2022. Со тоа сите потребни документи од општината  и од тој момент обврската за понатамошната изведба за самиот водоснабдителен систем преминал во ТАВ Македонија. По 6 месеци, ТАВ Македонија отпочнува со работа, преку изведувачот на градежните работи.

 

– Изведувач на градежните активности за водоснабдителиот систем ќе биде „Иганција“ Битола. Манастирскиот комплекс Трескавец е и заштитено културно културно наследство, надзор на работите при изградбата на водоводниот систем ќе има и НУ „Завод и Музеј“ -Прилеп, со кој имаме како Општина, склучено меморандум за соработка“ појасни Тања Попоска, раководител на Сектор за урбанизам при ЛС Прилеп.

Десет години бирократските процедури ја одложуваа изградбата на водоводот и канализацијата во манастирот Трескавец,  без кои не може да бидат во употреба обновените конаци, кои изгореа во катастрофален пожар што го зафати манастирот во 2013 г. Надлежните институции меѓусебно постојно си ја префрлаат топката. Министерството за култура се огради уште пред две години упатувајќи ја вината на Општината, за Министерството транспорт, пак, се повика на тогашната Влада и топката се префрли во НУ „Завод и Музеј“. Оттаму пак, се правдаа со  пропусти во наследениот проект.

Инаку, Манастирот „Трескавец“ датира од 13-от век и е дел од националното културно наследство. Во 2013-та година беше зафатен од силен пожар кој до темел ги пеплоса конаците. Огнената стихија ја одмина само манастирската црква.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Една година од услугата „Помош и нега во домот“ во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени

Заев на средба со прилепските стопанственици – инфраструктурата во фокусот

Гордана Цветаноска

Изложба на фотографии од Матео де Мајда во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе