9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Повторно силен дожд го поплави Прилеп

Невреме денеска, околу 15 часот што го зафати Прилеп, предизвика поплавени улици и отежната движење на возилата.  На социјалните мрежи веќе има фотографии од невремето,по улиците и од градската река.

Метеоролозите најавија дека ќе имаме обилни врнежи од дожд и грмежи.

Во Прилеп за кратко време наврнаа околу 20 л/м².

Минималната температура денеска се движеше во интервал од 10 до 17, а максималната  достигна  до 24 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Земјоделци, внимателно со системите за наводнување во близина на далекуводите!

Гордана Цветаноска

Започнува превентивна дератизација на прилепската канализација и депонијата Алинци

Вечерва во Цепенков концерт пијано трио „30 прсти“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе