На денешната Седница на Советот на Општина Прилеп дискутабилена беше предлог – одлуката за утврдување Нацрт План за измена и дополнување на Генерален урбанистички план за Град Прилеп. Советниците од опозицијата, по читањето на дневниот ред, побараа отстранување на оваа точка „Предлог- одлука за утврдување Нацрт План за измена и дополнување на Генерален урбанистички план за Град Прилеп, со плански период 2013-2023“, со образложение дека немаат доволно информации, за да гласаат.
Претседателот на Советот, даде пет минутна консултативна пауза, но времето се радолжи на повеќе од еден час, со што 29-та Седница на Советот на Општина Прилеп, продолжи по два часа. По продолжувањето на седницата, беше донесена одлука за промена на дневиот ред, бидјеќи „урбанистичките точки“ беа повлечени.
.
А, на дневен ред пред советнците се најде и одлука за определување на локалитетот за одржување на „Пивофест- Прилеп 2023“ , како дополнителна точка. Советничката група од опозицијата преку советнички прашања побара да знае „кој ќе биде организатор на Пивофестот“, на што градоначалникот на Прилеп истакна дека комисијата за одлучување немала многу барања за организатор на оваа манифестацијата, и ќе биде избран по принципот „прв дојден -прв услужен“. Како дополнителна точка на оваа седница на дневниот ред, се најде и беше усвоен заклучокот по измените и дополнувањата на Колективниот договор за врабтување во Општина Прилеп.
Инаку, по редовниот дневен ред, прва точка беше едногласната одлука за додлување хуманитарна помош на Општина Делчево, поради поплавите од обилните дождови, што ги претрпи оваа општина. Стана збор и за меѓуопштинска соработка и со соседната општина Долнени, а советниците одлучија за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот. Советниците од опозицијата тврдеа дека ова е задоцнета одлука за спортските клубови,и дека поддршката за клубовите треба да биде поправична и поголема во однос на поединечните. И, дека со износот од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови, општината ништо не помога во развој и одржување на спортот, споредувајќи го Прилеп со соседните општини, кои доделуваат позначителна финансиска помош за екипните успешни спортови.
Советниците од мнозинството “кренаа рака“ за прифаќање на предлог- одлуката за донесување на урбанистички план вон населено место, за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, кај Тополчани, за планиран период, 2021-2026, за годишниот план за вработување за 2023 година на ЈП за ПУП Прилеп и за предложените годишни планови за вработување во 2024, на основите и средите училишта.