7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Со тешки телесни повреди се здобил млад прилепчанец моторциклист кој се судрил со автомобил на раскрсница

Со временските услови поволни да се вози моторцикл,  ова превозно средство се почесто е вклучено во сообраќајот. За жал , моторциклите чест се управувувани од млади  и  недоволно искусни возачи-моторциклисти, па сообраќајките со моторцикл се појава во овој период од годинтата, и се  дел од полициските билтени. Затоа е потребно внимателно учество во сообраќајот на сите учесници.

Ваква сообрајќајна незгода се случи синоќа во Прилеп, информираат од СВР Битола. Имено, на 22.06.2023, во 22.55 часот, во ОВР Прилеп, било пријавено дека на крстосница од ул„Петар Ацев“ и ул„Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „априлија“ управуван од П.И.(19) од Прилеп и патничко моторно возило марка „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.С.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот П.И., додека со телесни повреди се здобиле А. П.(18)од Прилеп, сопатник на мотоциклот, возачот О.С. и неговиот сопатник С.С.(27) од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во с.Пашино Рувци и во с.Добрушево пронајдени гранати од Првата светска војна

Гордана Цветаноска

Вооружен грабеж во Прилеп

Гордана Цветаноска

Расчистен случај за лажна пријава за наводно поставена експлозивна направа во училиште во Житоше

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе