11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Во полицијата се пријавил таткото наместо синот, по усмртувањето на жената велосипедист

Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.П. од село Славеј, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, по член 300 и член 301 од Кривичниот законик, извести МВР.

– На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот, со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото. Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото, додава МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

 

Би можело да ве интересира

(ФОТО)Запленети 48 килограми дрога – приведени тројца дилери од с. Дебрешете

Елизабета Филипоска

(Видео) Тепачка меѓу гости и вработени во кафана и полициска контрола синоќа – фатени 17 малолетници

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе