Убава вест доаѓа од таборот на прилепскиот ракометен суперлигаш.Имено на чело на клубот застанува компанијата а со тоа се најавува стабилен и силен ракометен суперлигаш кој треба да го помести својот квалитет во суперлигашкото друштво и да го прескокне плеј аутот во иднина. Ова е супер позитивен знак за ракометот во Прилеп , кој треба да го врати својот сјај и да биде во врвот на македонскиот ракомет.Оваа вест клубот ја соопшти на својата официјална ФБ страна.
После низа преговори, управата на Р.К Прилеп, со големо задоволство ве известува дека од наредната сезона клубот ќе биде засилен со нов генерален спонзор, а тоа е компанијата Комфи Ангел. Се надеваме дека после успешниот пласман на клубот во Суперлигата, со здружени сили и нови предизвици, оваа сезона ќе имаме уште поголеми резултати.
Ракометниот клуб Прилеп минатата сезона успеа да го обезбеди опстанокот во лигата а сигурно со една ваква нова финансиска конструкција , тимот уште постабилно ќе чекори низ македонската супер лига каде го очекуваат нови предизвици во националниот шампионат.Инаку за потсетување во пресрет на новата сезона Никола Цветаноски кој потекнува од школата на РК Струга е новиот лев бек кој ќе ги брани боите на РК Прилеп наредните 2 години, Антонио Бурчески играч од одбраната останува во клубот уште 2 години а Давид Ацевски е нов голман кој доаѓа од Јуниор КВ и ќе ја дели минутажата со столбот на нашиот гол Иван Ангелески следните 2 години.Во наредниот период ќе видиме кој уште ќе го облечи жолтиот дрес на прилепчани.