-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Одлична понуда на Ресен – „Тур Де Галичица„ за адреналинско доживување

После пауза од 2 години  Тур Де Галичица се враќа на сцената од 07 до 09 јули , со побогато и проширено издание на кое ќе бидат застапени неколку видови на спортови:
• Велосипедизам
• Спортско качување
• Параглајдинг
• Планинарење

• Трчање на 5км низ улиците на Ресен

Домаќини на настанот се Општина Ресен, Велосипедски и планинарски клуб „ПРЕСПА БАЈК“ и Националниот парк Галичица. Истите ќе се погрижат Преспа да биде центар на активниот туризам и ќе им понудат тродневно уживање на љубителите на спортот, природата и на вкусната храна и мезалаци.
За спортското качување ќе се погрижат инструктори од Спортско качувачка федерација на Македонија , кои ќе постават јажиња на неколку насоки со различна тежина и ќе им помогнат на сите оние кои што ќе сакаат да пробаат да качуваат. Параглајдинг летовите се во организација на клубот за параглајдинг „КОНДОР“ од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепските музичари бараат да работат или ќе го блокираат Плетвар

Гордана Цветаноска

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Физичкото насилство стана секојдневие!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе