11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео)Наместо со скап такси до град со јавен превоз за жителите од оддалечените села

Советот на Опшина Прилеп ја прифати Програмата за субвенционирање на линиски превоз до најоддалечените села во Оптшина Прилеп. Според последниот попис од  2021 г., близу  6000 жители живеат во поодалечените населени места во Општина Прилеп. 15 /20 % или околу 1000 од нив, не можат да стигнат до градот, поради возраста, здравствената состојба или лошата матерјална положба. За да ги набават основните животни намирници, лекови, плајќање сметки,  вадење лични документи или плаќања на даночни обврски, да извршат лекарски преглед, овие луѓе мора да патуваат во град и да плаќаат висока сума за такси превоз, оти друго превозно средство и немаат.

Советникот, Трајче Ржаникоски, како иницијатор за субвенционирање на линскот превоз за оддалечените населни места,  на  30 седница на Советот на Општина Прилеп, ја  истакна потребата и важноста на овој превоз.

„ Доаѓањето во град,  за овие луѓе е врзано со висока цена на такси превоз. Пример 2000 денари е до Витолиште ,  600 денари до Чепигово, Штавица итн . И, бидјеќи во нашиот ситстем, за една административна работа се потребни три дена , трошоците на овие луѓе стануваа тројно поголеми. Овие населни места подолго време немаат амбулати, аптеки , немаат колонијални продавници, минатата година прекинат им е и ПТТ сообраќајот -( пошта има само во општинските центри Прилеп, Новаци, Кривогаштани). Повлечени се и матичните служби од овие места , и сте бракови се случуваат во Прилеп и за сите лични документи, изводи на родени, извод на венчани, лични карти, сообрајќани дозволи , родени , починати,  мора да доаѓаат во Прилеп. Кога сите услуги се врзани со градот,  потребен е да имаат редовен превоз до градот , кој беше прекинат  2019.„ истакна советникот Ржаникоски

Програма за субвенционирање на линиски превоз ќе опфаќа субвенционирање 15 литри  гориво на поминати 100 км. за превоз два пати неделно на превозниците кои ќе сообрајќаат на овие линии,  со што ќе се утврдат цените по прдолог – цените кои ќе ги имаат превозниците, кои би се обрајќале на овие линии.

„Ќе се донеси правилник и ќе се направи јавен повик, кои ќе бидат критериумите за превозницте на патници да можа да учествуваат на овој повик, за да ги користат субвенциите кои ги дава општината . Со ова , жителите од населните места, од септември ќе имаат редовна линија кој ќе сообрајќа од грдот кон насленото место и обратно. Цел е да им се олеснат условите на живот на овие жители.  Лините ќе сообрајќаат до најоодлечените населени  места во општинава , а најпрво и најзначано е Прилеп-Витолиште, каде жителите од ова населено место плаќаат високи цени за превоз со такси. Потоа ќе следи линија за с.Чепигово, с. Подмол, линија до с.Мажучиште, с. Радобил …и сите делови од општината ќе бидат опфатени со овој линиски превоз.“- истакна Претседателот на Советот на Општина Прилеп , Дејан Проданоски

 

Сумата за вкупно субвенционирње, сметаат советницие, би ја чинело локалната самоуправа на Општина Прилеп околу 1000 евра месечни ,  а ценовникот е за 20% до 30 % помал од цента на такси превозот кој го користат жителите од овие населени места за да дојдат во град.

 

Би можело да ве интересира

Како Прилеп ќе го одбележе 11-ти Октомври, Денот на народното востание на НОБ на македонскиот народ?

Пела Редакција

Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 ти декември

Гордана Цветаноска

(Видео) Чествување за 11ти Октомври во Прилеп со засилени мерки на безбедност

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе