11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Останаа записите за херојството на Прилеп иако „исчезна“ орденот со кој Прилеп е одликуван за град херој

Денеска Светот го одбележува 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Колку градот херој Прилеп има придонесено за извојувањето на победата над фашизмот?! Зошто Прилеп е град херој?! Иако од пред 28 години „изчезна“ неговото доделено одликување за посебни заслуги и херојство,тоа не ја намалува неговата заслуга во битките за ослободување од фашистичката окупација ?!

Седми мај, 1975 градот Прилеп, од тогашниот претседател на СФРЈ – Тито е  прогласен за град херој и е одликуван со орден на народен херој на Југославија. Прилеп е  еден од осумте одликувани града, во некогашната СФР Југославија , со ваков орден  и од тој период наваму, градот и неговите жители се гордеат со епитетот „Прилеп Град херој“. Но, во периодот на осамостојувањето на Р.Македонија, се случи „чудо“ ! Орденот “град херој’ “исчезна“. До ден денес никој не знае каде се наоѓа ова одликување ,како „исчезнало“ , всушност што се случило со одликувањето кое е сведоштво за херојството на Прилеп и прилпчани?

2010 година , по  повод јубилејот, 65 години од крајот на Втората Светска војна и победата над фашизмот, поради „загубата“ на орденот, Македонската Демохристијанска Унија (МДУ), до Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, поднесе иницијатива за одликување на градот Прилеп за воени заслуги во текот на Втората Светска војна и антифашистичката борба. Но, до ден денес тоа не е направено. 

Беше покрената иницијатива и од боречката организација да се пронајде орденот  или пак  да се направи копија , но и тоа остана само како иницијатива!

Претседател на прилепскиот огранок на Сојуз на борци, Круме Соколоски на новинарско прашање, само констатира дека идејата за правење на копија на најпрестижното признание на градот, со кое се потврдуваа неговите придонеси и заслуги во Втората Светска Војна,  мора повторно да биде ставена на разгледување на претседателството на  огранокот на Сојузот на борци и нивните поддржувачи-Прилеп , “но ќе треба поддршка и од локалата власт, со цел таа иницијатива да се реализира, бидејќи орденот  „Прилеп град херој“ му припаѓа на градот“- рече тој.

И, така Прилеп денес е град херој без одликувањето “ГРАД ХЕРОЈ’, без материјален доказ за херојскиот придонес на Прилеп и прилепчани во антифашистичката војна.
ОСТАНУВААТ само ИСТОРИСКИТЕ записи и факти: зошто ПРИЛЕП  го добил тоа одликување ?!

Зошто?! Затоа што:

  • –  Секое второ  прилепско семејство активно  работело за движењето на отпорот  и придонесло за победата над окупаторот;
    – Во текот на НОВ од Прилеп и прилепско од 8000 учесници, активни борци со оружје в рака биле 2700,.
    – Од нив, 650 се загинати
  • – 15 борци се прогласени за народни херои (10 загинати во НОВ).
  • – Прилеп дал 137 носители на партизанска споменица 1941;
       – Теророт на окупаторот само во периодот Април-Декември 1941 година е изразен во бројки.
  •     Во четири блокади, во групните и поедничните апсења, депортирања, судења и малтретирања се опфатени околу 2500 борци како и обични граѓани или секој десетти прилепчанец.
  • Депортирани се околу 250 семејства со над 1000 жители. Одржани се 4 судски процеси на кои се осудени 8 лица на смрт со бесење. Осумнаесет лица се осудени на времени казни од 7 до 12 години и 6 месеци. Убиени се двајца борци.
  • Извршени се масакри и масовни стрелања како што се тие во Дабница,  Мукос, Прилепец…
  • Со нападот на бугарската полициска станица од страна на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го започна антифашистичката борба на Македонскиот народ против окупаторската фашистичка власт, на 11 Октомври 1941.
  • Градот Прилеп го даде и првиот Претседател на Презедиумот на современата македонска држава, Методија Андонов Ченто.

Прилеп бил ослободен на 9 септември 1944, а конечното ослободување е на 3 ноември истата година. Последните битки за ослободување на градот се водени кај местото Песјо Бртце

Сите овие херојства биле причина и повод,  Прилеп да го добие орденот „Град херој“ кој можеби еден ден ќе му  биде вратен на градот, како оригинал или копија.

 

Би можело да ве интересира

Целосно се затвараат кафетериите, рестораните, обложувалниците, барови, клубови и казина

Елизабета Филипоска

Комисиите на терен, земјоделците бараат активирање на противградобијните системи

Гордана Цветаноска

Водата совесно да се користи, апелира ЈКП Водовод и канализација Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе