11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Граѓаните со намален функционален капацитет и лицата со попреченост ќе можат да ја користат услугата Помош и нега во домот

Со воспоставувањето на услугата Помош и нега во домот за прв пат на територијата на општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп ќе им биде овозможено на старите и изнемоштени лица и лицата со попреченост да ги искористат поволностите кои ги нуди самата услуга за Помош и нега во домот. Примарната цел на услугата Помош и нега во домот е да овозможи квалитетна, професионална и достапна помош и поддршка од страна на обучени негователи за корисниците да ја вратат, стекнат или одржат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Сововедувањето на услугата – Помош и нега во домот, ќе се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности кои опфаќаат помош при миење, облекување, исхрана, движење, хранење, медицинска терапија како основни, и помош во чистење и средување на домот, набавки за домот и сл. како инструментални активности) од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат засебе, со цел да се оспособи корисникот за само-помош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен живот во заедницата.

Услугата ќе биде достапна за лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, кои ќе ја добиваат услугата бесплатно.

Услугата ќе се обезбедува од страна на 40 обучени и сертифицирани негователи кои ќе обезбедуваат поддршка на корисниците за да го подобрат квалитетот на живот.

ЛИЦАТА КОИ САКААТ ДА СТАНАТ КОРИСНИЦИ НА ОВАА УСЛУГА треба:

Чекор 1 : Да се обратат кај својот матичен лекар, од каде ќе треба да се подигне пополен образец  Индекс Кац.

Чекор 2 : Достават барање во Центарот за Социјална Работа Прилеп (барањето е достапно во просториите на Центарот за социјална работа) кон кое ќе ја приложат и целосната медицинска документација

Чекор 3 : Доколку целокупната документација е во ред, потенцијалните корисници ќе бидат известени за достапните активности на поддршка кои ќе им бидат обезбедени со услугата Помош и нега во домот.

Развојот на оваа услуга е дел од сеопфатната социјална реформа на владата и ресорното Министерство која е финансирана и поддржана од Светска банка.

Би можело да ве интересира

Промени и предизвици во спроведувањето на инклузивното образование

Пела Редакција

Кaко да се заштитиме од лажните информации?

Пела Редакција

Македонските текстилни компании се прилагодуваат на европските стандарди за безбедноста и здравјето при работа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе