11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Најчесто вода нема, а кога ќе дојде е заматена и жолта“, велат жители од Тополчани

Тополчанци се жалаат на чести и долги прекини во водоснабдувањето и на вода со сомнителен квалитет од локалниот водовод. За состојбата со водоснабдувањето од ова населено место до нашата редакција стигна поплака. Жителите велат дека има речиси секојдневни прекини кои се случуваат од попладневните часови, до раните утрински часови наредниот ден. Покрај повеќечасовните прекини, водата била со сомнителен квалитет бидејќи како што велат е многу заматена.

„Од 17 часот, па се’ до 5 наутро немаме вода, а кога ќе дојде водата е жолта и матна во наредните 2 часа,“ информираат жители од село Тополчани.

Во видео порака жителите објаснуваат дека практично низ чешмите тече многу матна вода со жолта боја со сомнителен квалитет:

Каква е состојбата со водоснабдувањето во населеното место Тополчани и зошто има чести прекини и заматување на водата го  прашавме Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, јавно претпријатие надлежно за одржување на локалниот водоснабдителен систем во селото.

„ Водоводот во Тополчани користи сопствен бунар и резорвоар со одреден капацитет. Во овој период на зголемена потрошувачка на вода доаѓа до исцрпување на дневната издашност на бунарот и капацитетот на резервоарот и затоа доаѓа до прекини. Упатувам молба до граѓаните и апелирам рационално да ја користат водата бидејќи немаме друг начин да помогнеме како јавно претпријатие со дополнителни количини на вода. Што се однесува до квалитетот на водата, за тоа е надлежен Центарот за јавно здравје Прилеп од каде се вршат редовни контроли. Но, доколку жителите забележат заматување, тогаш е најдобро водата се преврива или да се користи флаширана“, посочи Игор Гулабоски.

Инаку, во општина Прилеп 8 населени места: Тополчани, Загорани, Веселчани, Мало Коњари, Големо Коњари, Подмол, Канатларци и Ерековци не се поврзани со регионалниот водовод Студенчица и за локалните водоводни системи користат вода од сопствени бунари. Летниот период при зголемена потрошувачка на вода, често притисокот е намален и доаѓа до прекини во водоснабдувањето. Покрај градската мрежа, ЈКП Водовод и канализација Прилеп менаџира и со овие водоводни системи во населените места.

Би можело да ве интересира

ООУ „Добре Јованоски“ доби мултифункционално игралиште и две опремени училници

Пела Редакција

Стручен собир на пожарникарите од Македонија и од регионот „Прилеп 2023“

Пела Редакција

Три години Радио Пела во етер (фото од манифестацијата )

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе