11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп се сеќава: 22-ве години од погибијата кај Карпалак

Бројни делегации: владини,  општински, делегации од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии, здруженија на преживеаните бранители во конфликтот,  граѓани положија свежо цвеќе на спомен обележјето во центарот на Прилеп, кој во чест на бранителите го носи името „Прилепски бранители“ одбележувајќи 22 години од загинувањето на десетте прилепски армиски резервисти на 8 август 2001 година, кои  за време на конфликтот, загинаа од заседа на патот Скопје – Тетово, кога беше нападнат армискиот конвој.

Делегации од Владата, од Министерството за одбрана, преставници од здруженијата на бранителите и членови на фамилиите, делегација од Општина Прилеп,  утрово, пак, положија цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак,  каде беше одржана и панихида. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска оттаму денеска најави дека до Општина Желино ќе испрати барање за дозвола за изградба на споменик на загинатите армиски резервисти.

А, Прилепските бранители сеуште го поставуваат прашањето „Што всушност тогаш се случи, 8 агуст 2001 година кај Карпалак?!“

„Што да кажеме после 30 годин кога ниту една власт не се погрижи да го донесе Законот за бранителите. Баравме членовите на семејствата од преживеаните бранители  да имаат бесплатно здравство за целата фамилија и да бидеме прогласени за борци кои ја бранеле татковината. Останаа само траумите, се чуствуваме изманипулираи. Никој не покрена постапка да се дознае вистината „Што всушност тогаш се случи?!“ – Душан Бошески, резервен воен старешина.

„Карпалак 22 години потоа нерешен е статусот на бранителите и членовите на нивните семејства. Карпалак треба да се чуствува на месноста Карпалак. Се поколнуваме на банкина. Дајте ова велолепно здание во Прилеп да го преместиме таму. И,уште нешто, ние како припадници на безбедносни сили, сме околу 70.000. И, после толку време, државата не најде за сходно да добиеме статус на „борец“, рече Рубин Секулоски од бранителите.

„ Денеска, и после 22 години, од овој крвав настан, колку и да сакаме, колку и да се трудиме, во овие заеднички мигови на тага и сеќавање, никој од нас  не може  да ја оттргне болката за загубните живот на : Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Веби Рушидоски, Горан Миноски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски, кои, загинаа во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Затоа, Прилеп и прилепчани со големо достоинство, гордост и почит, чествуваат во името на нивната храброст и херојство. И, стојќи тука пред нивниот споменик, именуван како „Прилепски Бранители„, даваме свет завет како Македонци,  дека ќе го чуваме нивнот спомен,  дека ќе  ја чуваме оваа земја, наша ,македонска, и дека нема да дозволиме повеќе да има човечки жртви, понижувања и војна, туку разбирање, почитување и решавање на конфликите преку дијалогистакна , Борче Јовечески во своето обрајќање.

Инаку, на 8-ми Август 2021 година, околу 10 часот конвојот на АРМ ,во кои беа 100 тина прилепски резервисти беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило во кое беа 8 војници и двајца офицери ,сите од прилепскиот резервен состав кои утрото тргнаа кон Тетова ,да ја бранат татковината. Загинаа  Нане Наумоски (48), Сашо Китаноски (39), Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29), Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26), сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово,  и Пеце Секулоски (29) од прилепско Бело Поле. До ден денеска државата не ја откри висината за тоа како се случи во период на преговори за примирје да  биде нападнат прилепскиот конвојот кои патувал за Тетово.

Во рамките на чествувањто 22 години од загинувањето на 10 прилепски резервисти во воениот кофликт во 2021 година ,вчера во Прилеп, делегации од Влада,  семејствата на загинатите, на преживеаните бранители во конфликот, на општинскиот совет  и градоначалникот на Прилеп и преставници од  АРМ, положија цвеќиња пред споменикот  во кругот на касарната „Мирче Ацев“, како и пред спомен плочата на загинатите бранители во селото Лениште.

 

 

Би можело да ве интересира

Две децении од крвавиот настан кај Карпалак – Пендаровски, Мицкоски… во Прилеп

Елизабета Филипоска

За идните студенти – Перспектива од секој аспект Економски факултет – Прилеп

Елизабета Филипоска

Откажани сите манифестации- утре ден на жалост во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе