5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Изложбата „Јас и моите пријатели“ пред прилепчани

Синоќа, во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп беше отворена изложбата „Јас и моите пријатели“ од кумановскиот сликар Мики Трендафиловски. На изложбата беа претставени 11 дела на Мики
Трендафиловски како и 35 дела, минијатури и мал формат од 35 автори од 11 држави како Франција, Англија, Канада, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија и други.
„Јас и моите пријатели“ е изложба која што нема граници и предрасуди како и поделби на мали и големи односно оваа изложба е изложба каде што делата се мали по димензии но се големи како по вредноста така и по квалитетот.

 

Имено, на изложбата делата беа изработени во повеќе сликарски техники почнувајќи од молив, туш, акварел, масло, темпера, акрилик како и комбинирани техники кој што се плод на пријателите на Трендафиловски кој што всушност се и негови колеги, а такви се:  – академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Данчо Ордев, Стојче Гоцков, Бранко Кончалиев, Оливера Протиќ, Рајко Каришиќ, Драган Ѓорѓевиќ, Мајпејкер Јонсел, Мирјана Шимуновачки Шуњевариќ, Катарина Ѓорѓевиќ, Ѓура Дрљача, Пламен В’лчев, Јасмина Пајовиќ, Марија Ефтимова, Ајлин Гурбуз, Трајан Трајковски, Весна Маринковиќ Станковиќ, Цветанка Грнчарова, Никола Стојановиќ, Зорана Јовановиќ,Дарија Мазурина, Габриеле Шафрацик, Татјана Диденко, Емилија и Стојче Тоциновски, Анкица Верхас, Асмар Нариманбекова, Етхем Бајмак, Гроздан Крстевски, Надежда Зајкова, Соња Спироска Остојиќ, Ѓорѓе Станиќ и Александар Стефановски, како и на самиот Мики Трендафиловски.
Инаку, на отворањето на изложбата на Трендафиловски присутни беа академик Васко Ташковски и Александар Стефановски,каако и  голем број  љубители на уметноста. Изложбата  може да се погледне во наредните две недели во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Би можело да ве интересира

Добра шминка отстранува 10 години од лицето: Како да се направи без грешка!

Елизабета Филипоска

Започна ликовната колонија „Дрен 2022“

Гордана Цветаноска

(Не)заборавот на уметникот Емил Димоски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе