9.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Пак ќе се прска против комарци

Трета фаза дезинсекција за уништување на комарци, спроведува ЦЈЗ Прилеп
Од понеделник 21.08 до четврток 24.08.2023 во периодот од 22 до 05 часот на територијата на општина Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп, ќе ја спроведува третата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп како и во населените места: Мажучиште, Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Славеј, Мало и Големо Коњари, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.
Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петминутното врнење на град направи штети на тутунот, бостанот, градинарските култури…

Елизабета Филипоска

Не гори куќата, душата гори, со се’ што сме имале во неа! (ВИДЕО – ФОТО)

Гордана Цветаноска

Kоја заштита е потребна на тутунскиот расад од снег и мраз ?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе