Еден од последните три решавачки натпревари за Победа е добиен. Трите бода на стадионот Младост во Струмица се од голема важност во борбата за опстојување во елитното друштво. Доволен беше само голот на Зоран Даноски во 49. минута од средбата.
Првото полувреме не донесе многу возбудувања, но затоа пак уште првите пет минути од вториот дел најавија за интересен продолжеток на мечот. По постигнатиот гол на Даноски играта се префрли пред голот на домашната екипа. Израмнувањето на резултатот беше избегнат благодарение на непрецизноста од белата точка на Александар Пановски. Но, слична ситуација имаше и Јорданчо Наумоски на 20 минути пред крајот кога не успеа да постигне гол од пенал за Победа.
Со оваа победа се поизвесен е бараж натпревар за опстанок во ПМФЛ.
Победа моментно има 35 бода и се наоѓа на 8 то место со големи изгледи за опстанок во ПМФЛ