1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Гори Маркукуле

Голем пожар изби на локалитетот Маркови Кули над Прилеп. Горат нискостеблести дрвца и трева, а пожарот за брзо време се прошири на поголем простор. Пожарот го гаснат екипи од ТППЕ – Прилеп и од Македонски шуми. А, засега не се знае причината за настанувањето на пожарот на овој  простор. Прилепчани велат дека несовесни сограѓани често знаат да палат кабли и гума околу овој простор, која патем треба да биде заштите од УНЕСКО , во рамките на заштитеното природно и културно наследство, како комплекс „Маркови кули“.

 

Од ТППЕ  – Прилеп велат вечерва, нешто пред 20 часот, избувнал шумски пожар над Маркови Кули во месноста викана “Седло”, веднаш над Прилеп. “Пожарот и во моментов е активен и гори сува трева”, – велат од ТППЕ – Прилеп, и додаваат дека две – три екипи веќе работат на гаснењето на огнот.

Според командирот, Христијан Момироски, иако е зафатена поголема површина, сепак, ситуацијата, засега била под контрола. Но, она што повеќе загрижувало, биле неколкуте пожари во Долненска општина, со кои веќе два дена се борат прилепските пожарникари. Таму, екипите и вечерва остануваат на терен, бидејќи, како што ни рече Момироски, во опасност биле селата: Рилево и Сливје, а огнот веќе бил локализиран кон селата Стровија и Зрзе.

Би можело да ве интересира

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Пела Редакција

“Боите на мојот град” прва самостојна изложба на Филип Јовески

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе