3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (52)

Пишува Зоран Момироски

  • БОРЧЕ  „ИКЕБАНАТА“ СО НОВ СЕКТОР ЗА ПОДДРШКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРГНУВА ВО НОВИ РАБОТНИ ПОБЕДИ. ВО ТЕКОТ НА ОВАА ГОДИНА ВО НОВИОТ СЕКТОР СЕ ПЛАНИРА ДА БИДАТ ВРАБОТЕНИ 34 СЛУЖБЕНИЦИ, А  ДО ГОДИНА УШТЕ 42. СЕКТОРОТ ЌЕ ИМА ВКУПНО 76 ВРАБОТЕНИ. ОВА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ  КАКО ПРВ ЧОВЕК НА ГРАДОТ ГО ПРАВЕЛ ОТИ ИМАЛ ГОЛЕМИ ОПСТРУКЦИИ ОД НЕГОВИТЕ И ТОА НАЈМНОГУ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА МАРЈАН РИСТЕСКИ. НЕ БАРЕ МАЦИО Е ОД ДРУГА ПАРТИЈА, А БОКИО ОД ВМРО ДПМНЕ. СО СЕГАШНИТЕ 145 И НОВОВРАБОТЕНИТЕ 76 ДО ГОДИНА, ОПШТИНАТА ЌЕ ИМА РЕКОРДЕН БРОЈ ОД НАД 200 ВРАБОТЕНИ. ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ИМА ВРАБОТЕНО ЕДНА НОРМАЛНА ФАБРИКА КОЈА ОСТВАРУВА МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОД ОД ПРОИЗВОДСТВО И ОД ИЗВОЗ. АРНО АМА, БИДЕЈЌИ БОРЧЕ ПОСТОЈАНО СЕ ЖАЛИ ОД НЕСООДВЕТНА ПОДДРШКА, ИСТО ОД ЗБОР ДО ЗБОР, КАКО ШТО СЕ ЖАЛАШЕ НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ МУЦЕТО, ЕТЕ, МНОЗИНСТВОТО ОД СОВЕТОТ РЕШИЛО ДА МУ ГИ ЗАДОВОЛИ ПОТРЕБИТЕ НА НАШИОТ МИЛ И МНОГУ ГОЛЕМ ДОМАЌИН БОРЧЕ. СПОРЕД ПРЕСМЕТКИТЕ ВО НОВИОТ СЕКТОР ПЛАТИТЕ ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ОД БЛИЗУ 30.000 ДЕНАРИ ДО 55.000 ДЕНАРИ, А ЗА НЕКОИ ЌЕ ИМА И ПЛУС 30% ДОДАТОК. СО НОВИОТ РЕБАЛАНС ПАК НА БУЏЕТОТ  ЗА ВРЕМЕНО АНГАЖИРАНИ „ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ“ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ЈОВЧЕСКИ ГОДИНАВА ЌЕ ПОТРОШИ 400.000 ЕВРА ИЛИ 50.000 ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ, ОДНОСНО ЗА ДВЕ ГОДИНИ 750.000 ЕВРА. КАКО ТРГНАЛ И МИЛИОНЧЕ ЌЕ ГО ЛАПНЕ КАКО БОНБОНЧЕ.

 

  • ТОКМУ  ВАКВИОТ ПОТЕГ НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СОЗДАВА НЕПРИЈАТНОСТИ, ЛОША  АТМОСФЕРА ЗА РАБОТА ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И БЕЗБРОЈ РЕАКЦИИ, ВЕЛАТ ДОБРО УПАТЕНИ КОИ СО ГОДИНИ РАБОТАТ ВО ОПШТИНАТА. КАЗНИ, РАЗМЕСТУВАЊЕ, СЛЕДЕЊА НА КАМЕРИ КОЈ ВЛЕГУВА КОЈ ИЗЛЕГУВА ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЕКС СЕКРЕТАРОТ ТАЛИМЏИОСКИ. СО КОДОШЕЊА И СО СПИНУВАЊА И СО ПОДМЕТНУВАЊА НА РЕКЛА-КАЗАЛА, ОПШТИНАТА Е НАПРАВЕНА ПОД СЕКАКВО НИВО КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА МЕЃУЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ. ДЕЛ ОД ВАКВИТЕ ТАКТИКИ И ПРАКТИКИ СО СЛЕДЕЊА КАМЕРИ, СНИМАЊА НА ТЕЛЕФОНИ И ДРУГИ ГЛУПОСТИ БИЛЕ СВОЈСТВЕНИ И НА ПРЕТХОДНИКОТ НА БОРЧЕ. ТОЈ ДУРИ КАКО НЕГОВ МЕНТОР, СЕГА БИЛ ВКЛУЧЕН ВО ФИНАНСИСКИ СУГЕСТИИ И КОНСТРУКЦИИ ЗА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ДЕВЕТОКАТНИЦАТА. ВО РАМКИ НА СИТЕ ОВИЕ ТИВКИ МУАБЕТИ ЗА КОИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НИКОЈ ЈАВНО НЕ СМЕЕ НИ ДА ПИСНЕ, СЕ ЗБОРУВА ДЕКА И МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ШТО ЈА ДОВЛЕЧКА БОКИ ОД СВОЈАТА ПРИВАТНА АМБУЛАНТА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧИОТ КАБИНЕТ ,НАВОДНО СЕ ЖАЛЕЛА  ДЕКА И ТАА СЕГА Е ПОТТРГНАТА НАСТРАНА ОД УДАРНАТА ТРОЈКА ,МЕЃУ КОИ ТИ БИЛА И КОКАРОСКА, КАКО ИСКУСНА ОПШТИНСКА ФРАЕРКА КОЈА НЕ „ГЛЕДА“ ТЕСНО ПАРТИСКИ КАКО НЕКОЈ ВМРО ДПМНЕ ИЛИ СДСМ. ТУКУ, ТАА ТИ ГЛЕДАЛА РАБОТАТА ДА ОДИ ВО ИНТЕРЕС НА НАРОДОТ. НЕЈЗИНАТА ФЛЕКСИБИЛНОСТ И’ ОВОЗМОЖИ ДА БИДЕ РЕИЗБРАНА  ЗА ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ЕКСПЕРТИ НА АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕР ВИЗИЈА ОСИГУРУВАЊЕ. ЗА НАДОМЕСТОКОТ ОД СЕКОЈА СЕДНИЦА НА ОВОЈ СОВЕТ ДА НЕ СПОМЕНУВАМ, ОТИ БОЛИ ГЛАВА. ОСОБЕНО ШТО ОВОЈ СОВЕТ МЕСЕЧНО ОДРЖУВА ОД ДВЕ ДО ТРИ СЕДНИЦИ. ЗА ДА БИДЕ РЕДОВНА НА СЕДНИЦИТЕ ТАА СИ НАПРАВИЛА И ФЕР ДОГОВОР СО БОКИ. ИСТО КАКО ШТО ИМА ФЕР ДОГОВОР И МЕЃУ ОСТАНАТИТЕ ВЛИЈАТЕЛНИ  ЛИЧНОСТИ ВО СДСМ СО ВЛИЈАТЕЛНИТЕ ПОЕДИНЦИ ОД ВМРО ДПМНЕ. И ЗА ТОА СИ МОЛЧАТ И НЕМА РЕАКЦИИ НИТУ ОД ЕДНАТА НИТУ ОД ДРУГАТА ПАРТИЈА. ЕПТЕН СИ СЕ ДРЖАТ ДО НАРОДНАТА: СЛОЖНИ КАЛУЃЕРИ И БО ПЕОК  МРСАТ – ВЕЛИ ЕДНА СТАРА ПОГОВОРКА.

 

  • И СЕТО ОВА, КОГА НА СИТЕ ДОБРО УПАТЕНИ И ВО ВМРО ДПМНЕ И ВО СДСМ, МУ СТАНА ЈАСНО, А НЕЗАДОВОЛСТВОТО И РЕВОЛТОТ КАЈ ЧЕСНИТЕ И ОБИЧНИ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ВО ДВЕТЕ ПАРТИИ РАСТЕ, ОД НЕМАЈ – КАДЕ ЕДЕН ОД „ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ“ АДВОКАТОТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ НИ ЕДНО НИ ДВЕ НИ ОПНУВА НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ СВОЈ СТАТУС, МИСЛЕЊЕ, КОМЕНТАР: КАКО БИТОЛСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ПОДНЕСЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТЕН ОДНОС ЗА ИМЕНУВАЊЕ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРИ ВО ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА  И ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ОД ОПРЕДЕЛЕН ВО НЕОПРЕДЕЛЕН РАБОТЕН ОДНОС. ПА, АДВОКАТЧЕВО НАШЕ ПРИЛЕПСКО ВЕЛИ ДЕКА ИМАЛО ТАКВО НЕШТО И ВО ПРИЛЕП. АМА, ЗА ЖАЛ ДО СЕГА, ЕВЕ, ДВЕ ГОДИНИ, НИКОЈ НИШТО НЕ ПРЕЗЕМАЛ. ЗА НА КРАЈ, СЕГА ПО ТОА „СКРИЕНО“ ДВЕГОДИШНО ЗАЕДНИЧКО ВЛАДЕЕЊЕ И ДОГОВОРАЊЕ МЕЃУ ЛУЃЕ ОД ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, ЖАРЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ИМАЛО ДИЛ И ЗАТОА НЕМАЛО КРИВИЧНИ.  АМАН БРЕ ЖАРЕ, АКО НАВИСТИНА СЕГА СИ КОНСТАТИРАЛ, СИ ЗАБЕЛЕЖАЛ И СЕГА ЈАВНО ГО КАЖУВАШ НА ФБ, ТОГАШ ДОЦНИШ ЕПТЕН МНОГУ ИЛИ ПАК СЕГА СИ ПАДНАЛ ОД МАРС И ТОА ПРАВО ВО ПРИЛЕП. ТИЕ ДИЛОВИ ЗА КОИ СПОМЕНУВАШ НЕ САМО ШТО СЕ ОБЕЛОДЕНЕТИ ТУКУ И ПРЕДИЗВИКУВААТ РЕВОЛТ КАЈ СКРОМНИОТ И СО ДУША НАКЛОНЕТ ЧЛЕН ВО СПОМЕНАТИТЕ ПАРТИИ. АМА ЗАТОА ИНВОЛВИРАНИТЕ ВО ТИЕ БИЗНИС ИНТЕРЕСИ НЕМААТ МИР. НЕ ТОЛКУ ОД НОВИНАРИТЕ КОИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ОБЕЛОДНАТ НЕКОЈА АФЕРА ИЛИ „ГРАБЕЖ“ КОЛКУ ОД РАЗГНЕВЕНОТО ЧЛЕНСТВО КОЕ РАЗБРА ДЕКА ПОЕДИНЦИ ОД СДСМ И ВМРО ДПМНЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ПРАВАТ „БУДАЛИ“ И СИ КРЦКААТ ПО СВОЈОТ ПАТ. ФУРААТ ТИЕ И НЕ ГУБАТ ВРЕМЕ ДА СИ СТАВАТ УШТЕ ПО НЕКОЈА „ЦИГЛА“ ДВЕ, А АКО ДАДЕ ГОСПОД И ТРИ, КОЈ КОЛКУ МОЖЕ. А ПОТОА ЌЕ ПАДНАТ СНЕГОВИ – ЌЕ ПОКРИЈАТ ТРАГОВИ. ПРИТОА, ВНИМАВАЈ- АКО ОДИШ ВО ЛОКАЛНА ПО НЕКОЈА РАБОТА, ПРИМЕР  ДА ТЕ СРЕТНЕ ХАРИ СИГУРНО ЌЕ ТЕ ЗАМОЛИ ДА ГО ПОЗДРАВИШ НЕГОВОТО ШКОЛСКО ДРУГАРЧЕ  БОКИО. НЕ ДАЈ БОЖЕ НА ПРИМЕР ДА НЕ ТЕ СРЕТНИ МУЦЕТО. ТОЈ КАКО ОД ПУШКА ЌЕ ТЕ ЗАМОЛИ  АКО ГО ВИДИШ КОЛЕГАТА БОКИО ПОЗДРАВИ ГО ОД  МЕНЕ КАКО НЕГОВ КОЛЕГА И МЕНТОР. ОСОБЕНО ВНИМАВАЈ ДА НЕ ТЕ СРЕТНИ ЦАКИО, ПА И ТОЈ ДА ТЕ ЗАМОЛИ ДА ГО ПОЗДРАВИШ БОКИО КАКО ШЕФ НА НЕГОВАТА СОПРУГА. СЛУЧАЈНО ДА НЕ САКАШ ДА ТИ ГО СПОМНАМ МИЛЕ ТАЛЕСКИ, ОНАЈ ПРАТЕНИКОН НАШ ДОБАР МАЖ. СЛУШАМ СНААТА ОД БРАТОТ ЈА СМЕСТИЛ ГЛАВНА ВО НЕКОЈ ОДДЕЛ ВО БОЛНИЦАНА, ИЛИ САКАШ ДА ПОДЗАПРАМ?! ИЛИ САКАШ ДА ТИ ГО СПОМЕНАМ „ШЕФОТ“ НА „ШЕФОВИТЕ“!!!

 

  • ИГОР ГУЛАБОСКИ, ГУЛАБЧЕТО „АЈАРОТ“ ОД БОКИ КАКО ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ГИ ЗАСУКАЛ РАКАВИТЕ И ЕТЕ ПОЧНАЛ СЕРИОЗНО ДА РАБОТИ. РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОДОВОД ВО КАНАТЛАРЦИ. НЕШТО ПОВЕЌЕ КАКО ЖЕЛБА, АМА СЕПАК ЗАПОЧНАТО ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЕМИЛ ЈАНЕСКИ И ТОГАШНОТО НЕГОВОТО ДРУГАРЧЕ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ МУЦЕТО. СО ОВОЈ ЗАФАТ ЗА КАНАТЛАРЦИ ЌЕ ИМА 9 ЛИТРИ ВОДА ВО СЕКУНДА, СОСЕМА ДОВОЛНО ДА ГИ ЗАДОВОЛИ ПОТРЕБИТЕ. ПОКРАЈ ОВА, ГУЛАБЧЕТО КАКО ДЕТЕ ОД ГОДИВЉЕ, КОЕ Е УЧЕНО ОД ПОВИСОКО И НА ПОДАЛЕКУ ДА ГИ ГЛЕДА РАБОТИТЕ ,ПОЧНАЛ ДА ФОРМИРА НОВ СЕКТОР ВО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. КОГА ПРАВИ БОКИО ЗОШТО ДА НЕ ГУЛАБО И ТОЈ СО НОВА РАКОВОДНА ПОЗИЦИЈА. СЕКТОР ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ И ОДВОДНУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ. ДЕМЕК ОВА ЧУДО, СЕКТОРОВ ЌЕ ГИ КООРДИНИРА РАБОТИТЕ НА ОДДЕЛИТЕ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ И ОДДЕЛОТ КАНАЛИЗАЦИЈА. А, РАБОТНОТО  МЕСТО РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОРОТ СИ ГО ТОКМЕЛ ИГОРЧЕ ЗА НЕ ДАЈ БОЖЕ. СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ, АМИ ПЕЧУРКАРАВА ТУКУ ТАКА ЌЕ ЈА ОСТАВИШ?! ИЛИ ТИ СЕ СОЗДАЛА МОЖНОСТ ЦИЦАЈ ОД СИГУРНА ЦИЦКА. ТАКА ТРЕБА – БРАВО БЕ ГУЛПАЧЕ! САМО САКАМ ДА ТЕ ПРАШАМ ДУРИ МИСЛИШ ЗА НОВИ СЕКТОРИ И НА НЕГОВИ РАКОВОДИТЕЛИ, НЕЛИ МОЖЕШ, ЕТЕ ОД ХОБИ, МАЛКУ ДА ПОМИСЛИШ, ОВА МЕСТАВА КАДЕ ШТО ОТСТРАНУВАТЕ ДЕФЕКТИ ДА НЕ ТРЕБА СО НОВ АСФАЛТ ДА ГИ САНИРАШ И ДА ГИ ДОВЕДЕШ ВО ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА. ИЛИ ТОА МУ ГО ОСТАВАШ НА ДРУГАР ТИ БОКИО ДА ГО СРЕДИ СО ОВОЈ НЕГОВ ГРАНДИОЗЕН ЗАФАТ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 60 УЛИЦИ, УЛИЧИЊА И СОКАЧИЊА.

 

  • МНОГУ НЕГОДУВАЊА ОТКАКО ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И ОБНОВУВАЊЕТО НА ВЛЕЗОТ ВО ПРИЛЕП ОД КРУШЕВО. УДРЕНА НА БАРАБАН И СО СДСМОВСКИ И ВМРОВСКИ ФАНФАРИ, УЛИЦАТА „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ“ СТАНА СВЕТСКО ГРАДЕЖНО ЧУДО НА ВЕКОВ. КАЖУВАА БОКИО, КАЖУВАШЕ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ, СЕ ФАЛЕШЕ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦЕТО И ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ СУГАРЕСКИ – ДЕМЕК ВЛЕЗОВ ВО ГРАДОВ ЌЕ ТИ БИЛ ЕПТЕН ТОП. СЕГА ОТКАКО СЕ ПОСТАВЕНИ ИВИЧНИЦИТЕ, НА ОНИЕ КОИ РАБОТАТ ВО ОВОЈ ИНДУСТРИСКИ ДЕЛ ОД ГРАДОТ, НА ОНИЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА КОИ ГРАВИТИРААТ КОН ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ ИМ СТАНА ЈАСНО ДЕКА НЕ СТАНУВА ЗА ТОП ИЗРАБОТЕН ПРОЕКТ ТУКУ ЗА ДВА ТОПА! ИМЕНО, ДО СЕГА АСФАЛТОТ И НЕФОРМИРАНИТЕ БАНКИНИ ДАВАА МОЖНОСТ КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА ДА БИДЕ  ШИРОКА 7,5 МЕТРИ. ПРИТОА ТЕШКО, АМА СО ВНИМАНИЕ ДВА КАМИОНИ ИМАА МОЖНОСТ ДА СЕ РАЗМИНАТ. СЕГА ОВАА УЛИЦА ПО НЕКОИ СТАНДАРДИ ЌЕ БИДЕ ШИРОКА 6,5 МЕТРИ. ПОРАНЕШНИВЕ ШТО СЕ ЧУКАА ПО ГРАДИ И СЕГАШНИВЕ ГИ ПРАШУВАМ ЗА ВЛЕЗ ДАЛИ ОВАА ШИРОЧИНА Е СТАНДАРД?! НАВИСТИНА, ДАЛИ Е СТАНДАРД ЗА ТОЛКУ ФРЕКВЕНТНА УЛИЦА КОЈА ПОВРЗУВА ИНДУСТРИСКИ КОМПЛЕКСИ  ДА СЕ ПРИФАТИ ПРОЕКТ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРАД ШИРОК 6,5 МЕТРИ?! АБЕ ДАЛИ СТЕ БУДАЛИ ИЛИ НАРОДОВ САКАТЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ГО ПРАВИТЕ БУДАЛА?! ПОКРАЈ ОВА, ДОБРО УПАТЕНИ ТВРДАТ ДЕКА НЕОДАМНА ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊАТА ИМАЛО ГОЛЕМИ КАВКИ МЕЃУ ПРОЕКТАНТИТЕ И НАДЗОРОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ. РАСПРАВИЈАТА БИЛА ТОЛКУ ГОЛЕМА ШТО ИЗВЕДУВАЧОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ СКОРО ЕДЕН МЕСЕЦ, ЗАМИНАЛ, НЕ РАБОТЕЛ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ОВА „ПРЕУБАВО И ИДЕАЛНО“ РЕШЕНИЕ НЕМА ДА СЕ ИЗГРАДИ ЗА 10 МЕСЕЦИ. А, ЗА ТОА КАКО ДВА КАМИОНИ, ШЛЕПЕРИ ЌЕ СЕ РАЗМИНУВААТ НЕКА МУ ЈА МИСЛАТ ВОЗАЧИТЕ!!!

 

  • ЖИТЕЛИ ОД ЧАЧОРИЦА, СТОЧЕН ПАЗАР, ДЕЛОВИ ОД СТАРО КОРЗО И НАСЕЛБАТА ДИМО НАРЕДНИКОТ СО ПРАВО ПРОТЕСТИРААТ И БАРААТ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО КОЈ ТОА НАВЕЧЕР ИСПУШТА ЗАГАДЕН ЧАД ОД ТОПЕНА СМОЛА ОД КРУГОТ НА ПОРАНЕШНАТА ФАБРИКА ЕУРОКОМПОЗИТ?! И ТОА НЕ Е НИКАКОВ ПРОБЛЕМ, ТОА  Е НИВНО ПРАВО, БИДЕЈЌИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОВРЕМЕНО ЕКО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ, А СО ТОА И НИВНИТЕ  ЖИВОТИ. ПРОБЛЕМ Е ШТО НЕКОЈ ЗНАЕ АМА ГИ ЛАЖЕ. ГИ ГЛЕДА ВО ОЧИ И ГИ ЛАЖЕ ДЕКА ЗАГАДУВАЊЕТО БИЛО КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД 12 ПОЖАРИ КОИ БИЛЕ РЕГИСТРИРАНИ ОД КРУГОТ НА ФАБРИКАТА ВО КОЈА РАБОТИ САМО ПОГОН „ЛАМИНАТИ КОМ“. ОВИЕ ОД ИНСПЕКЦИСКИВЕ СЛУЖБИ КОИ ВРШЕЛЕ КОНТРОЛА ЗНААТ КАКО МИРИСА ИЗГОРЕНО ОД ПОЖАР, А КАКО ОД НЕФИЛТРИРАН МАТЕРИЈАЛ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА  ЛАМИНАТНИ ПЛОЧИ ЗА ПЕЧАТЕНИ КОЛА?!? НЕ ДА Е СТРАМНО ВО СЕГАШНО ВРЕМЕ ДА СЕ НЕМА ВИСТИНСКИ ОДГОВОР,  ТУКУ Е ЦЕЛОСНА НЕСПОСОБНОСТ НА ТИЕ ШТО СЕ ПЛАТЕНИ ЗА ДА СИ ЈА ВРШАТ РАБОТАТА. ПРЕД 50 ГОДИНИ КОГА РАБОТЕШЕ ЕУРОКОМПОЗИТ 11 ОКТОМВРИ  И СЕ ПРОИЗВЕДУВАА ДЕЛОВИ ЗА НАМЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА, КАКО ДЕЦА ТОЧНО ЗНАЕВМЕ ОД ИСТАТА МИРИЗБА ДЕКА ВО ЕУРОЛАМИНАТИ  СЕ ПРАВИ НЕШТО. СЕГА ВО 2023 ГОДИНА БЕЗ ГРАМ СТРАМ ГИ ЛАЖАТ ГРАЃАНИТЕ ДЕКА МИРИЗБАТА БИЛА ОД ПОЖАРИТЕ.

 

  • ЈКП КОМУНАЛЕЦ БЕЗ ПРЕТХОДНО ИЗГРАДЕНА СВЕСТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ, БЕЗ СЛИКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КРАЈ КОНТЕЊЕРИТЕ И БЕЗ СЕЧЕЊЕ ЦРВЕНА ЛЕНТА ТИ ОПНАЛ ДА СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА 12 СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КОНТЕНИЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД НА РАЗЛИЧНИ ПУНКТОВИ. И ЕТЕ БЕЗ ТИЕ „МЕТАНИИ“ ЗА СКОРО МЕСЕЦ НЕКОЈ ГИ ИСКРШИЛ ОВИЕ КОНТЕЊЕРИ. ВО КОИ ЗА ЖАЛ ГРАЃАНИТЕ ПОКРАЈ АКУМУЛАТОРИ, БАТЕРИИ, ПЕЧАТАЧИ И ДРУГ ЕЛЕКТРО ОТПАД ТИ ФРЛАЛЕ И ТЕТРАПАК  ПАКУВАЊА, НАЈЛОНИ И СЕ’ ШТО ЌЕ ИМ ПАДНЕ НА ПАМЕТ. ПА КОМУНАЛЦИВЕ РЕШИЛЕ ДА ПОДЗАСТАНАТ МАЛКУ СО ИДЕЈАТА ДА ПОСТАВАТ УШТЕ 12 КОНТЕЊЕРИ. ПРВО КАДЕ ВИ БЕШЕ ПАМЕТОТ КОГА ГИ ПОСТАВУВТЕ ОВИЕ КОНТЕЊЕРИ?!? ВО УМОТ ИЛИ ВО „КУМОТ“ ОД ОПШТИНАТА. НЕ ДЕКА НЕ Е ЕВРОПСКИ ЧЕКОР, НЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ВАКВИ КОНТЕНИЕРИ, АМА ВИСТИНА Е ДЕКА КАЈ НАС СО ОВА МУ ЈА ЗЕМАТЕ РАБОТАТА НА ОНИЕ СО КОЛИЧКИНЕ И ЗАПРЕЖНИНЕ КОЛИ КОИ СЕКОЈДНЕВНО ВРТАТ ВО ГРАДОТ. И ПРИТОА СОБИРААТ ВАКОВ ОТПАД И ЗАРАБОТУВААТ ПО НЕКОЈ  ДЕНАР. ИЛИ, НАРОД НЕКА КРШИ НИЕ ПРЕКУ ТЕНДЕРЧЕ ЌЕ СИ НАБАВУВАМЕ И ПОСТАВУВАМЕ НОВИ. ПА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ИМ СЕ СМАЧИ, ЌЕ КРШАТ- ЌЕ ДОКРШАТ!!!

Би можело да ве интересира

Алексоски : Нашиот независен театар и членовите во него имаат посебна театарска енергија која не одржува сите овие години (ВИДЕО +ФОТО)

Пела Редакција

Турнир во шах за просветни работници од средните училишта

Пела Редакција

Насилството има име и треба да се пријави-„16 дена активизам против насилството“ (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе