29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Бесплатен градски превоз по повод денот “ Европската недела на мобилност“

Во рамки на „Европската недела на мобилност“, што годинава се одбележува од 16 до 22 септември, Општина Прилеп ,утре, се приклучува кон одбележувањето под мотото  ,,Движи се рационално, штеди енергија”.  Цел е што помалку користење на автомобилите и позитивно влијание врз заштитата на животната средина,велат од општината кои заедно со ЈП ПУП на 22 септември ќе обезбедеи  БЕСПЛАТЕН Јавен градски превоз за сите граѓани на општина Прилеп
„Апелираме што повеќе граѓани да ја искористат можноста во петок, на 22.09.2023 да го искористат Јавниот превоз и барем на еден ден да ги оставиме автомобилите“ апелиират од општина Прилеп.

Европската недела на мобилност е годишна манифестација што од 2002 година се организира на иницијатива на Европската комисија со цел да се промовира одржлива урбана мобилност. Секоја годишна Европската недела на мобилност се организира под специфично мото, кое оваа година гласи „Заштедете енергија“.

Би можело да ве интересира

Рајатоски ново засилување на РК Прилеп

Пак се чисти ѓубре на обиколниот пат кај Жито Прилеп за Варош

Прилепскиот основен, добива двајца новоизбрани судии од скопскиот Кривичен суд

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе