8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Пожар избил покрај патот Битола – Прилеп – од полицијата апелираат да не се палат стрништа

Пожар избил покрај патот Битола – Прилеп во близина на местото викано Вашарејца, по што сообраќајот е отежнат за движење во двете насоки. Се препорачува внимателно возење затоа што од густиот чад не се гледаат автомобилите од соседната лента. „Од  15:55 часот магистралниот пат Битола-Прилеп, кој беше затворен поради чад од пожар е пуштен за сообраќај.“ велат од АМСМ

Од СВР – Битола и со апел да не се палат стрништа  „ Во последните денови на подрачјето на СВР Битола настанаа неколку пожари на отворен простор како последица од намерно запалени стрништа. СВР Битола апелира до  граѓаните на подрачјето на СВР Битола
– да не се пали оган на отворен простор;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се пали отпад и друг горлив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓаните најбрзо што може да го пријават во надлежните институции. Потсетуваме и дека непочитувањето на законите ќе биде санкционирано и соодветно ќе бидат казнети сите кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.„ се вели во нивното соопштение до јавноста
Преземено фото: https://skopjeinfo.mk/

Би можело да ве интересира

Волонтери и матични лекари помагаат во прилепската болница, а има и слободни кревети

Гордана Цветаноска

Денес во 16:33 часот започна пролетта

Дали власта требаше да се меша?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе