17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Новаци не поразен во Прилеп (Победа – Новаци 1:1)

Екипата на Новаци со резултат 1:1 зеде бод во пелагониската пресметка со Победа во Прилеп, од 6. рунда на Втората лига.  Во првото полувреме целосна иницијатива имаше екипата на Победа, со серија добри шанси. Во второто полувреме иако Новаци ги среди редовите и ја отвори играта, сепак во 72. минута Победа дојде до водство. преку  мајсторска завршница на Филип Димоски. Но радоста на прилепчани заврши во  85. минута. Гостите од една шанса создадоа ол. Антонио Стојковски, неодбранливо, шутираше за конечни резултат од оваа средба 1:1.
Селдното коло Победа и гостува на Саса.

ПОБЕДА: Николоски, Стомнароски, Кочоски, Алимоски, Д. Дебрешлиоски (76. Д. Спиркоски), Ф. Димоски, Поп-Антоски, Кукески, Ивчески, А. Петејчук, И. Трајкоски (73. Грозданоски). Тренер: Филип Мирчески.

НОВАЦИ: Симоновски, Казимоски (74. Недановски), Стефановски, Стојковски, Котевски, Богданоски, Тасевски (62. Кочишки), Ајетовиќ, Труфуновски, Јовановски (74. Стојчев), Торнески. Тренер: Дарко Крстески.

Би можело да ве интересира

Тодороски: Секогаш беше спектакл кога играше Победа (ФОТО + ВИДЕО)

Никола Димески

ФФМ продолжува со поддршка на младинските категории, футсал, женските лиги, и покривање на трошоците за службените лица

Гордана Цветаноска

Професионален боксерски спектакл во jуни во Прилеп – Про Бокс со најава за уште една незаборавна боксерска атракција (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе