1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Казнети 72 возачи во Прилеп – полицијата апелира да се вози прописно

Денеска од 10 до 14 часот, во акциска контрола која ја спроведоа заеднички Секторот за сообраќајни работи при одделот за униформирана полиција, Бирото за јавна безбедност и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на територијата на ОВР Прилеп санкциионирани се 72 возачи . Санкциите се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. Од кои 34 возеле без возачка дозвола, 5 возачи биле  под дејство на алкохол, 5 возачи  управувувале моторцикли без заштитен шлем, 2 возачи се санкционирани кои управувувале моторни возила со несоодветна категорија дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 4 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 2 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 1 возач кој што вршеч јавен превоз на патници, а притоа не поседува валидно лекарско уверение.

Изготвено е и едно барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Запалил ѓубре на патот кај вештачкото езеро и ќе предизвикал пожар

Пела Редакција

Казна за 25 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Елизабета Филипоска

Како настана пожар во базната станица, долненско, на оператор А1?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе