11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепски пензионери спречени да патуваат на заедничка прослава во организација на Здружението на пензионери

Група од 30 тина пензионери денеска биле оневозможени да патуваат на заедничка прослава по повод Меѓународниот ден на пензионерите во месноста Писокал во организација на Здружението на пензионери Прилеп. Тие се обиделе да влезат во автобусите обезбедени од здружението, но биле спречени, а била повикана и полицијата. Станува збор за дел од прилепските пензионери кои учествуваат на протестите.

– Денеска членови на иницијативниот одбор на пензионерите се собравме пред здружението, каде што во организација на Здружението имаше организирано патување за прослава по повод Светскиот ден на пензионерите кој што беше на 20 ти септември. Пензионерите кои протестираат не сакаа да ги примат во автобусите. Ние група од 30 тина луѓе влеговме, но не’ симнаа брутално за раменици. Револтирани ние се наредивме пред првиот автобус. Од Здружението повикаа полиција со образложение дека ние не припаѓаме тука. Ние плаќаме членарина, а тие шетаат со нашите пари, јадат, пијат, имаат и закуски, се’ од нашите пари. Како може ние да не можеме да одиме каде што одат тие? Утре ќе бараме одговор кај претседателот, велат од иницијативниот одбор за протестите на пензионерите.

Пензионерите кои не успеале да влезат во автобусите, а се дел од протестите кои ја контактираа нашата редакција велат дека ќе бараат одговор каде се трошат парите кои тие ги оддвојуваат на месечно ниво од примањата.

„Беше голема иронија со потсмев од страна на претседателите на ограноците на здружението на пензионери. Имаше 6 автобуси кои беа полупразни, а последниот беше речиси празен. Нашите информации се дека бесплатен е превозот како и закуската, а била обезбедена и музика за прослава на Меѓународниот дена на пензионерите. Револтирани сме заради тоа што за протестот во Скопје кој што се одржа на 20 ти септември, Здружението не ни обезбеди автобуси и покрај нашите барања и молби да платиме дел од средствата за организирано патување. Што не’ сметаат нас, дали ние не сме пензионери? Ние го имаме истото право како и тие кои што денеска заминаа да прославуваат. Денешниот немил настан е испод секоја чест, велат од  иницијативниот одбор од каде додаваат дека протестите ќе продолжат во зависност од исходот од денешната средба на работната група со претставници од Министерството за труд и социјална политика, од Владата и Сојузот на пензионерски здруженија.

Прилепските пензионери бараат линеарно зголемување на примањата од 3 500 денари со додавање на основицата од месец септември. Протестите започнаа од Прилеп на почетокот на август и се проширија во поголемиот дел од градовите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Турција на Македонија ќе и донира медицинска помош

Елизабета Филипоска

Од денеска почнува есента

Елизабета Филипоска

Прекини во снабдување со струја во Прилеп и повеќе села во општините Долнени и Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе