1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Функционерските плати идната година ќе скокнат за 300 до 500 евра

Функционерите одбројуваат до следното зголемување на нивните плати и тоа од 300 до 500 евра. Па така, шефот на државата, следната година ќе зема околу 190 илјади денари плата, премиерот Ковачевски 180, а пратениците над 122 илјади денари.

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година, оти Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците…или вкупно на 1.060 функционери. Според синдикатите, ова уште повеќе ќе ги налути работниците.

„По наши математики тоа ќе биде околу 15%. Тие 15% нема да бидат на платата мината од илјада евра, туку на 2,3,4 илјади евра колку што добиваат функционерите. Не знам со кого пијат кафе министрите или пратениците од сабајле, ама би било убаво да испијат кафе со некој од приватниот или јавниот сектор и да ги прашаат колку е реална платата што ја добиваат на нивните сметки. Бидејќи со 20 илјади денари минималец не се издржува“ – Трпе Деановски, УПОЗ

Дополнителните 15 отсто догодина, сосе 78-те од годинава, значи дека за една година функционерските плати ќе бидат зголемени за цели 93%.  Опозицијата ветува дека ќе ја менува пресметката откако ќе дојде на власт.

Судската и обвинителската администрација бараат пораст на платите како функционерските, a бурно реагираа и останатите вработени во јавниот сектор кои добија само 10% зголемување.

Владата уште во април најави дека самата ќе ги спушти коефициентите за пресметка, па се премисли и рече дека ред со платите ќе стави нов закон кој е закочен поради многубројните забелешки од сите синдикати.

пишува Сителhttps://sitel.com.mk/funkcionerskite-plati-kje-skoknat-za-300-do-500-evra

 

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Пела Редакција

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Гордана Цветаноска

Мирчески: Сте се излажале ако мислите дека и годинава ќе го земете тутунот за без пари!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе