11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пожар во атарот на Кадино Село се шири со голема брзина кон с. М.Коњари

Порад палење на стрништа,  огромен пожар на отворено, вечерва се создаде во атарот на Кадиносело. Пожарот поради временските прилики, се шири со голема бразина кон с.Мало Коњари.

Екипи на ТППЕ -Прилеп се веќе на терен и интервенираат во гаснење на овој пожарот, велат од ТППЕ -Прилеп, по пријава на граѓани. Житлите на околните села организирано, доброволно им пристапуваат на помош на пожарникарите во гаснење на овој пожар. Во меѓувреме, командирот на ТППЕ-Прилеп, Христијан Момироски изјави дека преку навремената интервенција на прилепските пожарникарски екипи, и помошта од локалното население, огнот кој е распламтен, е под контрола и нема опасност по селата и околние објектите , “но веќе е време да се прекини со ваквите опожарувања, за лични интереси„,посочи тој

„ Упатувам апел до сите несовесни граѓани, морам да напоменам несовесни граѓани, кои сметаат дека со палењето на стрништата ќе си ја завршат својата лична работа, притоа не сметајќи колкави се загубите кои ги прават, колку луѓе се ангажираат, колку го загрозуваат живот на луѓето,но и го уништуваат био и животинскиот свет.  Мислам дека ова е крајно несериозно и треба да завршиме со ова веќе еднаш . Ве замолувам, најдете алтернативни решенија за да не се загрозуваме ниту нашите  животи, ниту животите и имотот на другите луѓе, ниту животинскиот и био светот со кои сме опкружени, изјави командирот на ТППЕ-Прилеп, Христијан Момироски за Радио Пела.

Инаку ,само минатиот месе (септември)  ТППЕ-Прилеп интервенирала на над 180 пожари на отворено.

Би можело да ве интересира

Министерот за земјоделство во Прилеп, локалните новинари и земјоделски здруженија не беа пожелни на средбата?!

Гордана Цветаноска

Под силно полициско обезбедување започна дистрибуцијата на изборниот материјал

Гордана Цветаноска

Прилепскиот совет го усвои ребалансот на буџетот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе