11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Како Прилеп ќе го одбележе 11-ти Октомври, Денот на народното востание на НОБ на македонскиот народ?

Еден од значаните македонски празници, 11-ти Октомври, Денот на норoдното востание на македонскиот нарот против фашистичкиот окупатор, Прилеп како град, од каде започнала битката за слобота и борбата против  фашизмот, секоја година го бележи со посебен пиетет. И, оваа година во чест на херотите и револуционернaта,  прогресивна мисла на македонскиот народ за ослободување од фашизмот, Општина Прилеп, организира низа манифестации, по повод 82 години од Денот на почетокот на македонскиот народ во борба за слобода.

Пославувањето започнува на 8ми  октомври, в недела,  кога ќе биде организирана велосипедска трка и меѓународен турнир во џудо, а за најмалите ќе се одржи фестивалот „Ѕвездички“. На 9ти октомври под наслов „Вечна слава на хероите“ ќе се одржи интерактивна работилница на ученици на Могилата на непобедените. Веќе на 10-ти октомври одбележувањето на празникот започнува од 11 часот со низа манифестации: формирање на македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов-Ченто„ од страна на ученици; открвање на мурал „Слобода во нашите срца„ поставен на СОУ Ристе Ристески –  Ричко; попладнето е традиционалната годишна изложба на ДЛУ – Прилеп, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“, a ќе се одржи изложба и поезија посеветен на 11-ти Октомбри во градската библиотека. Централното чествување е на бината на плоштадот „Александрија„ од 18,оо часот,а ќе настапуваат: КУД „Пере Тошев„ –Прилеп „, ќе има пригодни рецитали на ученици по повод празникот, музички-сценски настап на повеќе локални етно групи и обрајќање на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Во 19.оо часто е  традицоналнио огномет и импровизираниот напад на Участакот.

 

Прилепските музеји се отворени за посета, така што можат да дојдат гости и посетители од цела Македонија.

На самиот празник, 11-ти Октомври покрај посетата на Могилата на непобедените и положување на цеќе пред спомен бистите на хероите од старна на преставнци од локалната самоуправа,политчки партии, граѓански здружеија и граѓани ќе се одржи  традиционална крводарителска акција во просториите на Црвениот Крст-Прилеп, а секако најинтерсно за граѓаните ќе биде автомобилското шоу на олтајмери, кои ќе бидат изложени на булеварот „Гоце Делчев“.

Фестивалот на медот ќе се одржи наредниот ден на 12 октомври, каде ќе има презентирање на мед и медни производи, што само ќе биде „засладување„ за сите активности поврзани со празнувањето на еден од најголемите македонски празници 11-октомври , Денот на почетокот на народната ослободителна борба на македонскиот народ.

По тој повод, градоначалникто на Прилеп, упати апел до сите добранамерници од цела Македонија да го посетат Прилеп овие денови, да уживаат во настаните кои ќе се случуваат по повод празникот и да се запознаат со убавините и историското – културното богатство на нашиот град.

Инаку, Прилеп во текот на НОБ има дадено 650 жртви, 15 се прогласени за Народни херои и 154 паднати борци се носители на „Партизанска споменица“ 1941, чии имиња денес ги красат институциите и улиците  во градот , во знак на сеќавање на нивните делаи нивната жртва за слободна и независна држава.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Пела Редакција

Советот на Општина Прилеп ја одржа првата седница годинава

Гордана Цветаноска

Избоден затвореник во прилепскиот затвор

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе