7.4 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Весело и разиграно и на шестата вечер од училишните смотри – се претстави ООУ „Блаже Конески“ (ГАЛЕРИЈА)

„Љубов даруваме, знаење и доверба стекнуваме и мир за сите посакуваме“ – беше мотото со кое се претставија учениците од ООУ „Блаже Конески“ на шестата вечер од Училишните смотри. Со голема леснотија и радост, зашто вредно работеле на своите презентации, учениците се претставија пред бројната публика во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“. Воннаставните активности и на оваа приредба дојдоа до израз, зашто најдобро се учи и твори преку музика, танц и игра, а тоа го покажаа самите учесници.
Учество зедоа над 300 ученици од сите возрасти од прво до деветто одделение кои изведоа драмски, танцови сценски, во вкупно 16 точки распределени во 4 блока. Интересно, разновидно, разиграно беше на завршната приредба од ООУ „Блаже Конески“, а во продолжение проследете ја галеријата за сите точки.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

Гордана Цветаноска

„Подари ми насмевка“-Прва логопедска сликовница во Македонија

Елизабета Филипоска

(ФОТО) Пред убавината и боговите молчат – прилепските силисти со прекрасни впечатоци од „HAIR FAIR 2018″

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе