-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

По 14-ти пат се одржува манифестацијата “Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје” (ВИДЕО +ФОТО)

Кога станува збор за една убаво негувана традиција , тогаш организацијата на манифестацијата “Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје” е една од оние кои со многу  љубов труд и внимание ја организираат прилепските медари.Тие годинава слават еден голем јубилеј на 70 години од постоењето на пчеларското здружение Братство , кое како такво е едно од најстарите во Прилеп.И годинава на овој фестивал на медот се изложени повеќе производи , покрај медот и матичен млеч има и поленов прав, перга и восок.

“Многу сум пријатно изненаден од излагачите , т.е. воведена е некоја новина во аранжирањето на самите тезги и во пакувањето на медот и другите пчелни производи., што значи сметам дека оваа манифестација традиционално е успешна и сметам дека оваа година ќе биде уште подобра.Јас не би сакал да се навраќам на годините , но прв наш документ за нашето друштво е од 1953 година , но најверојатно е и постаро бидејќи тој документ изгледа е  изваден од претходните генерации , но здружението Братство е едно од најстарите друштва во општина Прилеп.Уште едно сакам да кажам дека имаме прилично нови , млади пчелари кои почнаа да се занимаваат со оваа дејност и лично мене ми е гордост што и тие се дел од нашето здружение “ – вели Димитар Алексоски – пчелар веќе 40 години

Манифестацијата “Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје” има за цел да ги запознае граѓаните за медот и пчелните производи и за нивните хранливи вредности , да можат да дојдат да вкусат и да знаат кое , како и за што се користи.Во продолжение и каква е атмосферата во центарот на градот.

 

 

Би можело да ве интересира

Прекин на водоснабдувањето на повеќе прилепски улици

Пела Редакција

Крводарителска акција на извидниците: Направи добро дело и спаси нечиј живот!

Пела Редакција

„Подарок за градот Прилеп“ концерт на Националната опера и балет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе