16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Сабота е ден за пазар и за саем на земјоделски производи

Втора година по ред по повод одбележување на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на жените од руралните средини Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани во соработка со СОУ “Орде Чопела” Прилеп ќе одржи Саем на земјоделски производи и Домашно.мк. Саемот е закажан за утре, сабота, 14ти Октомври со почеток во 10 часот во Старата чаршија на платото кај Градскиот Саат во Прилеп. Над 20 локални производители од Кавадарци, Крушево, од Ресен, од Поречието, Прилеп, долненско, Кривогаштани ќе ги промовираат органските производи, слатка и џемови, мед и медни производи, ајвари и макала, и многу други традиционални рачно изработени креации. Учениците од СОУ „Орде Чопела“ со своите препознатливи продукти кифлички, погачи, лепчиња, медењаци од училишната пекарница ќе се претстават и потсетат што се’ можат да понудат.
Задоволството да биде поголемо организаторите обезбедија културно-уметничка програма на КУД Мирче Ацев од Прилеп. За децата планирано е забавно катче каде ќе се запознаваат со земјоделските производи и здравата исхрана, а за музичкиот дел ќе се погрижи Бендот Библиотека.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Потребен е Групен дом со 24-часовна поддршка за лицата со попреченост во Прилеп

Пела Редакција

(ВИДЕО)Трипуновски: Сакаме земјоделството да биде едно од носечките економски гранки во државата

Илиески: Закупците на тезги да бидат раат – Градскиот пазар во Прилеп работи по старо!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе