Во чест на децата со посебни потреби, ООУ “Климент Охридски”Прилеп доби донација – скулптура насловена “Капка солза”, изработена од прилепскиот вајар, Влатко Николоски . Скулптурата го краси новиот парк во училиштето и престаува огромно задоволство за сите кои уживаат во убаво уредната парковска површина во ООУ “Климент Охридски”, со кои се гордеат и наставниците и ученииците, но и минувачите и соседството, кои го користи паркот за одмор, создавајќи нова димензија во паркот, кои го користат и учениците од посебната паралелка кои се дел од ова основно прилепско училиште.
Директорот на ООУ Климен Охридски, Ахил Јаков, при оваа прилика со гордост ја објави оваа вест и искрено му се заблагодари на скулпторот Николоски за бесценетата донација.
