5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Прилепските училишта од наредната година ќе формираат паралeлки со помал број на ученици

Советот на Општина Прилеп,  едногалсно, со 27 гласа „За“, без образложение на говорницата, (бидејќи, ниту некој од советнците праша, ниту загрижено анализираше „Што всушност , значи ова?““Зошто мораме да го намалуваме бројот на учениците во една паралелка во основните и средните училишта, кога законскиот минимум е 25 ученици?! “ итн),  донесе одлука,  да се намали  бројот на ученци во паралките во основните и средните училишта за  учебната 2017/2018 год.  Овој предлог бил по барање на предходниот градоначалник на Прилеп (процедура која започнала во 2017 год.) и, со согласност на Министерството за образовани на Р. Македонија, е е дадена можноса за формирање пралелки со помал број ученици, во  учебна 2017/2018 година и во Прилеп.

Како и да, е без ниту еден „зошто„ советниците изгласаа за тоа дека може да има паралелки во средните и основните училишта без потребнот минимум на ученици.

Од претседател на комисијата за општи дејности и правата на детето, при Соетот на Општина Прилеп,  Елена Ташкоска, побаравме образложение за овој загружувачки тренд „Пред се тоа должи заради намалување на наталитетот на населнието и иселувањето“- ни рече таа и додаде: „Многу е лесно, како советници, да кренеме рака и да изгласаме да се затвори едно стурчно училиште. Секогаш странските инвеститори ни доставуваат забелешка дека немаме сручни кадри. Имаме профили кои тешко можат да се најдат на пазарот на трудот. И, тргнувајќи од тие анализи, ние носиме вакви одлуки, по предходно мислење од МОН на Р.Македонија,да децата кои би одбрале од стучните профили кои веќе ги имаме,макар тоа биле и неколку ученици, да имаат можност да се образуваат. Ова е сето во позитивна насока. Задржувајќи ги овие струки ќе ги задржиме и децата, тука, без оглед на бројот на учениците во една паралелка. А, во прашање е и наставниот кадар, кој би останал без работа, што не е добро ниту од социјален, ниту од економски аспект! Целта наша е да понудиме можности за сите!“

СЕ ПОМАЛУБРОЈНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА ОСНОВЦИ,  ГИ ПРЕПОЛОВИЈА ПАРАЛЕЛКИТЕ ВО СРЕДНОТО

Менаџментото на  СОУ „Ѓорче Петров“ бил прморан да побара, бројот на ученици во паралелката техничар за мебел и ентериер да биде 6 ученици, а за профилот геолошки рударски техничар 10 ученици , да има во една паралелка.

Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу“ бројот на ученици во една паралелка е 14 -сет . За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици, што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години, кога економските паралелки броеле по 32/35 ученице и се барало место повеќе.

Ниту, СОУ „Орде Чопела“ не е во подобра ситуација. И, таму биле приморани да побараат одобрување за формирање на паралелки со намален бројот од минимумт кај профилот техничар за очна оптика (21 ученик), за геодетски техничар за една паралелка 14 ученици, ветеринарнаа струка 13-сет, за профилот за замјоделско- ветеринарна струка за една паралелка со 6 ученици, за обрзоавниот профил хортикултура, една парлалка со 10 ученци.

И, средното стручно училиште, т.н  „индустриско“, „Р.Р – Ричко“ во некој од своите струки, побарало одобрение и мислење за формирање паралелки со намален  бројот на ученици од законскиот минимум: една паралла со 19-есет ученици, за профилот афтомеханичар и 18 ученици за една паралка, за профилот машински техничар.

Кон групата средни училишта, кои побарале одобрение за паралелки со помал број ученици од минимумот, се вклучува и Гимназијата „Мирче Ацев“ .

Некогаш законакиот минимумот на бројот на учениците во една паралека бил 28 однсоно 32. Во средните училишта се барало дури и  „столче плус“ па паралелките имале и по 36/38 ученици

 

Напори да не згаснат училиштата и да нема отпуштање на наставничкиот кадар

– се бара комбинирана паралелка за само 4-ри ученици –

    За жал зо основното и средното образовани од година во година се намалува бројот на ученици во влезната година. Ако досега во една паралелка во основните училишта имало над мнимумот, сега бројката на ученици и таму не е розова . Општината прави напори паралелките и во основните училишта да не згаснат и да нема отпуштање на наставничкиот кадар, зашто наставниците имаат законски мерки за исполнување на минимум часови по наставник за да можат да остваруват личнен доход.

      За намален број на запишани првачиња во изминатите години потврдуваат и директорите на основните училишта. ООУ „Кочо Рацин“  побарале одобрение за паралелки со помал број ученици од минимумот за наредната учебна 2017/2018 година – две паралки во I одделение со 38 ученици, а за ПУ во нас. „Рид“ , две паралелки со 36 ученици, значи по 19 –сет, односно 18 ученици во паралелка.

            ООУ „Блаже Конески“,исто така побарало одобрение за формирање на една паралела во I одделение со 16 -сет ученици односно 13-сет за во ПУ во Варош.

А, за училиштата во населните места и ваквите барања веќе се случуваат повеќе години со ред. Едно од барањата во основно училишта во село, доставило барање за   формирање на паралки и со 4 ученици,и тоа, комибнирана паралелка со прво, второ и четврто одделние. (с Радобил) .

 „ Во насока на задржување на младите брачни парови, но и заради заживување на руралните средини, неопходно е и опстојувањето на основние училишта во селото, бидјеќи децата го имаат основното право, примарното, основното образование да го имаат во својата средина,во своето најблиско опркужување.Затоа донесеовме вакви одлуки – потенцира, Елена Ташкоска, претседател на комисијата за општи дејности и правата на детето, при Соетот на Општина Прилеп.  

 

Според податоците од  Општина Прилеп година биле запишани околу 800 првачиња во основните училишта односно вкупно10.300  првачина во основните училишта  и ученици во прва година во средните училишта.

 

ДЗС: За 10 години бројот на ученици во основноо образование се намалил за 21,4%,а во средното за 16,2 %

         Според ДЗС во 2015/2016  во оссновнот образование бројот на ученици е намален за 21,4 % споредбено со учебната 2015/2006 година. Тоа значи за 10 години бројот на ученици во основното образование се намалил за 21,4%, а во средното за 16,2 %.Загрижувачки подтоци во бројки,за кои е потребан поосежна анализа од сите релевантни структури во државата

        Со почетокот на оваа учебна година, сруши уште еден рекорд кога е во пршање на бројот на запишани деца во прво одделение. Според податоците на Министерството за образование оваа година во прво одделние се запишале  20.437 првачиња, што е најмала бројка досега во последните 5 години Ако се земе во предвиде дека во 2000 година се запишале 29.956 говори дека за 10 години „исчезнале„  близу 10,000 првачиња, односно Македонија има сериозен проблем до депопуларизацијата.

Како било некогаш низ фотографии!

ОУ„К.Рацин„ I одд 1970К.рацин II одд 1972ОУ К.Рацин I одд 1986IV одд 1977К.Рацин i одд 1968Гимназија -Прилеп

Првата  прилепска гимназија- 100 –тина ученици

Во првата половина на 19 век во Македониja cе поjавуваат основни училишта, формирани и издржувани од црковно – училишните општини и нивните органи – училишните настоjателства. Co текот на времето, некаде побргу, некаде подоцна, cе jавува потреба oд создавање на пoвиcoк ранг на училишта од основните. Овие повисоки училиштета cе викаат класни училишта и во тоа време даваат наjвисоко образование.

Гимназија -Прилеп

Во 1843 год. основано е првото основно училиште Прилеп .

Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 година, којa е доградена е во 1894 година.
Во наставната 1924/25 година во Гимназијата учат 423 ученици, а наредната 1925/26 учат вкупно 513 ученици.

Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена.

Преземено од oldprilep.com

 Радио Пела им се заблагодарува на  facebok профилот „Стари фотографии Прилеп „ за можноста да ги користиме фоторафиите, се со цел да прикажеме како некогаш била бројноста на учениците во паралелките во Прилеп!

 

Би можело да ве интересира

Земјоделскиот сектор допрва ќе отвора перспективи за младите кадри -Александра Кулевска, раководител на експозитури во СН Осигурителен Брокер

Гордана Цветаноска

ДОЈДЕТЕ! Економското училиште на 25 ти организира новогодишен базар со хуманитарна нота

Елизабета Филипоска

Прв школски час за 715 првачиња

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе