20.8 C
Прилеп
четврток, 1 мај, 2025
Пела Радио

Колегата Димески награден со Златна Плакета за аматерскиот филм „Ти можеш„

Колегата  Никола Димески,  со Златна плакета за сценарио и изработка на кратоко игран филм, се врати од Кочани,  каде се одржа  52-от Државен фестивал на не професионален (аматерски ) филм, во организаицја на Кино Сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, поддржана од Агенцијата за филм на Р. Македонија.

Осумминутниот  филм, со наслов “Ти можеш (You Can)”  од сручното жири, беше отценет со висока отценка и доби две награди  „Златна плакета за краток игран филм “ и “Златна плакета за сценарио„

Филмот е во продукција на „Фото Беџо„ , но заслугите им припаѓаат и на ученици-глумци,  кои сега се средошколци, бидејќи филмот е снимен минатата година, во ООУ “Рампо Левката„-Прилеп. Влатко Димески , Викторија Стојаноска  и Атанасиј Најдоски, тогаш ученици во   9-то одделени, во ООУ Рампо Левката – Прилеп,  под менторство на наставничката по македонски јазик Билјана Ацеска, успеаа да одглумат одлична приказна која испрајќа силна порака: сите деца се исти,  дека мора да се почитуваат различносите, меѓу децата постои еднаквост,  а пријателството и љубовта рушат бариери и стереотипи.

Еве што раскажува филмот:

 

А, авторите на филмот, Марјан Беџоски и Никола Димески,  денеска во Кочани ги подигнаа наградите , потврдувајќи ја уште еднаш креативноста, квалитетот и умешноста со објективот на камерата.

 

 

Би можело да ве интересира

Вечерва, концерт на пијано„Сеќавања“

Гордана Цветаноска

(ФОТО)Симболот на Македонија, Ансамблот „Танец“ ,настапува во Прилеп

Попоска: Задоволство е кога квалитетот е препознаен (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе