9.2 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Започнува зимското сметање на времето- во три часот наутро во недела ќе се помести времето за еден час наназад

Во три часот наутро во недела ќе се помести времето за еден час наназад, односно три часот ќе се смета за два часот. Летното сметање на времето завршува ,вусшност, во недела на 29 октомври ,во три часот по полноќ, поместувајќи ги стреликите на часовникот еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето. Промената на стрелките од часовникот за многумина претставува еден час подолг сон, меѓутоа, ова има влијание и на целиот организам на човекот. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики, велат шведските научници.

Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, но тоа се уште не се случи.
Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври, ноќта помеѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела во март кога времето се поместува еден час понапред.

Би можело да ве интересира

Злато за учениците од Крушево на натпреварот по кулинарство

Елизабета Филипоска

Грмотевици повторно – да не се престојува на отворен простор и под дрвја

Елизабета Филипоска

Со донација на постелнини од Комфи Ангел се подготвува модуларната болница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе