-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Со положување на цвеќе пред спомен обележјата Прилеп го одбележа 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Делегација на општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, пратеникот на  ВМРО ДПМНЕ ,Петар Ристески,  советниците при Советот на Општина Прилеп,  прдводени од Претседателот на Советот, Дејан Проданоски, прставници од Боречката организација ,здруженија на граѓани и граѓани ,  по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба,  положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто , Ѓорче Петров, пред споменикот на Пере Тошев и на неговиот гроб во црквата св. Благовешение.

Денот на македонската револуционерна борба – 23-ти Октомври го симболизира почетокот на организираното македонско револуционерно движење кое понатаму се преточи во конечно остварување на вековните сништа и борба на генерациите македонски револуционери и преродбеници за создавање на современа македонска држава.

„Овој ден кога е формиран Македонскиот револуционерен комитет, верувам дека секој македонец го слави како датум кога е втемелена идејата за националниот идентитет. Датум кога со длабок наклон ги чествуваме храбрите дела на нашите предци кои со организираното македонско револуционерно движење преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ придонесоа за создавање на модерна самостојна македонска држава.“ истакна на својата фајсбук страна ,прилепскиот градоначалник,честитајќи го празникот.

Вечерва, по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба , во 19,00 часот ,во собраниската сала на Општина Прилеп ќе се одржи трибина  на тема „130 години од македонскат ревоуционерна организација на која ќе  говори историчарот, Горјан Василевски

Би можело да ве интересира

ДЛУП со изложба во Лувр

Пела Редакција

Фолк фестивалот “Прилеп фест“ со звучни музички имиња ќе се одржи на 1 ви ноември по деветти пат

Пела Редакција

Фондацијата на Заев донира 100 илјади денари за четирите семејства чии куќи изгореа во пожарот од гром

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе