5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепчанецот фотограф и мултимедијален уметник Робер Јанкулоски добитник на државната награда „23 Октомври“

Визуелниот уметник, кои 30 години твори и создава во интерес на културата и културните вредости, прилепчанецот, проф. м-р Роберт Јанкулоски, е еденод добитниците на престижната државна награда „23 Октомври„ што ја доделува Собранието на Република Северна Македнија. Наградате е доделена  за неговите остварувања во областа на културата и уметноста.

 

РОБЕРT ЈАНКУЛОСКИ , фотограф – мултимедијален уметник беше  Предлог бр. 4 на Радио Пела за  најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември  “ во 2020 година,https://radiopela.mk/robert-jankuloski-fotograf-predlog/ во медимската манифестација која ја организра радиот „13  Величствени„ и им доделувапе признанија на прилепчани кои придонесле во опшественото живеење и развој на заедницата, а медиумите пројавиле интерес.

( за жал,манифестацијата, има пауза од две години, а екипат ана Радио пела се надева дека оваа манифестација ќе најде интерес во опшествената заедница и биде обновена наредната 2024 година )

Инаку , РОБЕРT ЈАНКУЛОСКИ  чија  идеја е да создаде музеј на фотографии, е идол на многу млади фотографии,професионалец од кои учат денес генерации. Тој е продуцент, режисер, истражувач, човек кој ја има фотографијата како посебен медиум на изразување. Со три децениско активно работење, тој преставува еден од најкоплетните македонски уметници, со кој Прилеп се гордее.

Јанкулоски се „кити„ со голем број самостојни и групи изложби, во земјава и странство, а неговата фотографија се нашла на многу документарни филмови, кратки филмови, монографии и каталози.  Добитник е на многу награди, меѓународни и домашни, а неодамна од францискиот народ , француската амбасада во Македонија, му ја додели најпрестижната награди за уметност,  орденот „Витез“. ( Јанкулоски го доби одликувањето за својата фотографска креација и истражувачка работа за браќата Манаки и нивната поврзаност со Франција за време на Првата светска војна и потоа.)

Неговите фотографии се одлично прифатни од публиката, бидејќи со отсликувањето на мигот, го прикажуваат животот, луѓето, историјата, природата, стварноста испреплетена со вистинитоста и манипуативност,локалните и глоблните настани… користејќи притоа нови техники и технологии за да ја доближи фотографијата до гледачот.

Брилијантните фотографски пандани и откритија на Јанкулоски покажуваат дека нема поголем крик од немиот крик на фотографијата како опомена што било во минатото, а што ќе биде во иднината – пишува, Јордан Плевнеш за делата на Јанкулоски.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беѓе доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес. На доделувањето на свечената награда во собранието не присуствуваше ниту еден член од државниот врв, информираат медиумите.

Би можело да ве интересира

ОД ДЕНЕСКА НА ДЕЛНИЦАТА ПРИЛЕП – КРУШЕВО – СЛАДУЕВО ПРОМЕНЕТ СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ

Гордана Цветаноска

Ќе се прска против комарци-пчеларите да си ги заштитат пчелните семејства

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Земјоделците ги очекува уште една тешка година, треба навреме да го заштитат производството

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе