18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Два случаи на насилство врз жени пријавени во полиција

Во полиција вчера биле пријавени два случаи на насилство – во едниот мажот физички ја нападнал својата жена, а во вториот момчето ја нападнало својата девојка.

Како што информира МВР, во првиот случај синоќа,  во 23.45 часот, 33-годишна жена пријавила дека околу 20.30 часот во својот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.
Во вториот  случај, 20-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче, Л.Д.

Случајот бил пријавен во полиција вчера, во 5.00 часот. Нападот се случил околу 1.30 часот во Прилеп.

Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист прегази пешак во Прилеп и повторно пожар на паркирано возило

Гордана Цветаноска

За два дена, под дејство на алкохол и без возачка „фатени“ 41 возач

Елизабета Филипоска

Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во општина Кривогаштани, крадецот „фатен на камера“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе