5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ-ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС НА ФИЛИП ДИМКОСКИ И ЛИНА ДИМОСКА

Прилепските автори Лина Димоска и Филип Димкоски, в четврток на 26 октомври, од 19.30 часот во Кафе галеријата Лувр во Прилеп, ќе се претстават со поетскиот перформанс Љубење со стихови. Станува збор за настан на кој ќе биде преставена најновата поезија создадена од Димоска и од Димкоски, но и поезија од други македонски автори од повеќе генерации како Гане Тодоровски, Блаже Конески, Глигор Поповски, Игор Костески и Мартин Јованоски.

„На поетот му е тешко да зборува за поезијата исто како што на растението му е тешко да зборува за градинарството. Затоа, на 26 октомври, нема да говориме за поезијата, туку ќе говориме поезија. Поезија од Лина, поезија од Филип, поезија од македонски современи поети. Дојдете, меѓусебно да си го нахраниме духот,“ велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Прилеп го очекува долга ноќ-ситуацијата со пожарите се влошува

Пела Редакција

По сиромаштија, Македонија на дното на Европа

Елизабета Филипоска

Пивофест – втора вечер: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Mossel (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе