Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници ги објави наградите и признанија по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп. Наградата за животно дело, по повод „3 Ноември“, , на свечена седница ќе им биде доделена на академик д-р Валентин Мирчески за особен придонес во природно-математички и биотехнички науки, на примариус специјалист д-р Благоја Дамески за особен придонес во медицината и опшественото живеење и на Диме Попоски за придонесот во музиката, режијата и филмот.
Награди-плакети по повод „3 Ноември“ се доделени на групата The Hounds – за петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија, на општествено одговорната компанија Гентерм, на младинска екипа на фудбалскиот клуб Победа за афирмација на спортот во Европа, на Територијална противпожарна единица Прилеп за натчовечките напори за зашитита на населението и околината, на Технобен Нова Прилеп за развивање на современи треднови во индустријата, на слаткарница „Шар” по повод 60 години јубилеј, на ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп за хуманитарно работење во својата дејност, на група верни пријатели на манастирот Трескавец за помагање и одржување на духовната врска и на пчеларското здружение „Братство” за 70 години јубилеј.
Наградите на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница, на 3ти ноември на Денот на ослободувањето на Прилеп од фашизмот, 3ти ноември 1944 година.